Претставени медалите за ОИ во Сочи 2014

Организаторите на зимските Олимписки игри кои следната година ќе се одржат во Сочи го претставија дизајнот на медалите.

За потребите на Олимпијадата и Параолимпијадата кои ќе се одржат во февруари и март во рускиот град Сочи ќе преоизведат рекордни 1.300 медали.

На медалите се отсликани сончеви зраци кои се рефлектираат ни призма на снежните планини кои се наоѓаат на песочните плажи на Црното море. Медалите ќе тежат помеѓу 460 и 531 грам и ќе бидат поделени на натпреварувачи во 15 спортови.

Зимските Олимписки игри ќе се одржат во Сочи од 7 до 23 февруари 2014-та година.

 

30 мај 2013 - 12:18