Му реков: Ќе вежбаш напорно, скоро 8 часа на ден, но нема да играш и тој се согласи. Никогаш претходно немав таков случај, играч кој сакаше да работи напорно без да игра. Но Наумоски беше самоуверен и ја презеде ситуацијата како инвестиција. Ги победи сите ситуации еден на еден, имаше одличен шут и знаев дека еден ден ќе биде еден од најдобрите шутери во Европа.
Стефан Спировски имаше деби настап за АЕК Ларнака како никој. На пријателски меч против Докса така јако ја опали од преку 30 метри, мислиш Роналд Куман е ова, а не Стефан наш. Неверојатно е ова голчиште, пет пати го изгледавме. Величе од таму не можеше да ја добаци.
Англискиот фудбал полека спушта завеса, а на многу локации ширум земјата периодов имаше МАСОВНИ собири на навивачи кои славеа од разни причини. Кога викаме масовни, мислиме над десетина илјади луѓе без многу маски и без ама баш никаква социјална дистанца меѓу нив.
Навивачите на Лидс важат за едни од најжестоките во Велика Британија. После цели 16 години сонот на многу генерации се исполни - клубот се враќа во Премиер лига. Легендарниот тренер Биелса е најзаслужен за големиот успех и навивачите го сакаат како идол.
Шампионот на Шпанија од 2000-та, клубот за кој играа Рој Макај, Диего Тристан, Валерон, Пандијани, Ривалдо, Мауро Силва, Консеисао, Ѓукиќ, Молина, Џалмиња и други, од следната сезона ќе игра во шпанската трета лига.
Творците на големиот шампионски успех на Реал Мадрид имаат исто потекло. Нивните родители се од северен Алжир а и Зизу и центарфорот се родени во Франција но не забораваат на своите корени.
Драматичното намалување на посетители, од милиони на само илјада, се должи на пандемијата, а саудиските власти аџилакот годинава го закажаа за 29 јули.
Кристијано Роналдо синоќа постигна два гола против Лацио и стигна до бројка од 30 сезонава, исто колку Имобиле со кој сега се израмнети. Овој дрес има посебна вредност, а привилегија да го добие имаше Никола Секулов.
Благодарение на Кристијано Роналдо кој со два гола му се одмазди на Лацио кој победуваше на претходните два дуели, Јувентус сега има +8 на 4 кола до крајот.
Не се знае дапи е од периодот кога снимаа реклама или пак е од сега, ама не е ни битно. На новото видео кое го објави италијанската спортска новинарка од DAZAN, таа танцува, а Златан доаѓа од позадина и ужива во погледот.
Колку што првиот бран на пандемијата беше успешен низ светот (потсетување: уште трае), толку првиот бран на глобалното отворање бизниси и враќање во нормала беше неуспешен, и во блиска иднина (месеци) сето ова ќе остане вака.
Првпат после цели 10 години шампион на Турција не стана ниту Фенербахче, ниту Галатасарај ниту Бешикташ. На крајот оваа тројка мораше да го положи оружјето пред еден четврт клуб од Истанбул.
Пред Кичево на микрофон шоферот информира ”патниците со седишта од број 26 до број 54 во Кичево ќе бидат префрлени во друг автобус”. И така - како компири, кој со маска кој без маска, патниците се префрлија како што вели шоферот “за безбедно да патуваат” . Е така де, до Кичево нема корона...
Експерти треба да се слушаат кога имаш проблем со водоводот или со коленото, не и кога треба да ја предвидуваат иднината. Пред 30 години експерти тврдеа дека денес Малдиви ќе бидат по вода. Денес Малдиви отвораат 4 нови аеродроми.
„Топџиите“ ги начекаа мамурни Ливерпул и Манчестер Сити па глатко ги победија. Едните со 2:1 во Премиер, а другите со 2:0 во полуфиналето на ФА Купот и по рекорден 21 пат се пласираа во големото финале на најстариот фудбалски турнир на светот. Може да ја спасат сезоната со трофеј.
Германски истражувачи повикале 4.000 волонтери да присуствуваат на поп-музички концерт, за да им помогнат да ги проценат ризиците од заразување со коронавирус на масовни собири.
Светското првенство 1994 важи за еден од најлегендарните фудбалски турнири некогаш одиграни во историјата. Некои го паметат на прва по пеналот на Роби, некој по Ицо Стоичков, некој по Хаџи и лудите Романци, а некој по Ромарио и Бебето.
Најдобриот млад фудбалер на сезоната во Европа (44 гола на 40 меча за Салцбург и Дортмунд сезонава), Норвежанецот Ерлинг Халанд со уште една фотографија покажа дека летово е спремен да помогне во домаќинството.
Колкумина родители се сигурни дека нивните деца во школо навистина ќе држат социјална дистанца, дека ќе седат поголемиот дел од денот со маска, дека нема да се гушкаат или дека после секое „да пукне“ ќе отидат да измијат раце најмалку 20 секунди?
Реал и Барселона се израмнија по вкупниот број на освоени трофеи во клупската историја. Верувале или не, со сите пехари кренати низ историјата во разно-разни натпреварувања, и „меренгес“ и „блауграна“ имаат идентичен број на трофеи.