„Бруталноста на полиција не се зголеми но се зголеми бројот на видео снимки кои тоа го покажуваат“ вели адвокатот за човекови права Дејвид Лејн, објаснувајќи дека токму таа долга и мачна снимка на гаснењето на животот на Џорџ Флојд му дала лице, приказна и видео доказ на полициската бруталност што потоа доведе до најмасовните протести на САД во поновата историја.
Но, бруталноста на американските вооружени сили не запира на границите на САД.
„Од почетокот на војната во Ирак, колкумина Американци можат да набројат име на барем една жртва од околу 200.000 цивили кои загинаа во таа зема? Дури и кога американскиот граѓанин ќе ги види грозните слики од мачењата во Абу Граиб, лицата на мртвите остануваат замаглени а нивните имиња непознати. Што ако ги знаевме имињата, лицата и приказните на жртвите на Еди Галагер, воениот злосторник помилуван од Доналд Трамп, кој, според сведочењата на неговите колеги, убивал сè што мрда за време на неговото службување во Ирак? Или оние на 30-те фармери на пињоли збришани во напад на американски дрон? Никогаш нема да ги видиме како сње држат за раце, молејќи се ракетата да ги промаши. Ние ја гледаме нашата машинерија но не и човеноста на жртвите. Тие жртви не стануваат ни хаштази“, пишува Омар Сулејман во Интерсепт.
Трамп ја наследи контроверзната програма со дронови од Барак Обама и дополнително даде гас: во првите две години од неговото претседателствување, американската војска извршила 2.243 напади со дронови. Во вкупното шефување на Обама биле изведени 1.878 напади.
Бирото за истражувачко новинарство проценува дека американските дронови имаат убиено 17.000 луѓе во Пакистан, Авганистан, Јемен и Сомалија. Пред три години, истрага на Њујорк тајмс покажа дека бројот на цивилни жртви е дури 31 пат поголем од оној кој официјално го пријавила анти-ИСИС коалицијата.