Реал Мадрид го врати шампионскиот пехар во Шпанија првпат после три години. По рестартот на Ла Лига по глобалната пандемија, Зинедин Зидан изјави дека секој меч ќе биде финале. И беше.
Интересно, дури и да не победеше синоќа Реал Мадрид ќе станеше шампион на Шпанија затоа што Барселона (не)очекувано изгуби три бода на „Камп Ноу“ дома против Осасуна (1:2). Сега Каталонците имаат 79 бода и тоа е најлош нивен показател во оваа етапа на Ла Лига од сезоната 2007/2008 кога Барса беше трета во лигата.
Плус Барселона не освои ни Ла Лига, ни Копа дел Реј за првпат од 2014 година!
И во тие финалиња „Кралскиот клуб“ се снајде одлично: Реал имаше 2 бода помалку од Барселона уште во 29 коло, но веќе во 30-то ги прескокна на првото место. Во 32 коло направи предност од 2 бода а сега ја освои титулата со 4 поени плус пред најголемиот ривал, кој меѓу првите им честиташе.
Дури и Лионел Меси призна дека Реал Мадрид после рестартот бил незадржлив: „Они си го вршеа своето. Не изгубија ниеден меч и тоа е многу достојно. Но и ние исто многу придонесовме за тие победи (на Реал) и треба се внимателно да се проанализира“, рече Лео.
Инаку Реал Мадрид уште пред мечот ги замоли навивачите да не слават традиционално на плоштадот Сибелес.
„Ако нашата екипа стане шампион, фудбалерите нема да ги посетат традиционалните места за славење како Плаза де Сибелес. Клубот сака да ги замоли сосиосите и навивачите да се воздржат од масовни собори на тие места. Сите сме должни да продолжиме да се бориме со пандемијата и да го минимизираме ризикот од понатамошно ширење на вирусот“.
Интересно Реал Мадрид после рестартот по карантинот на 10 меча оствари 10 победи и освои 30 бода од 30 можни. Примија само 4 гола. Да не примеа гол синоќа против Виљареал (2:1), ќе го повтореа неверојатниот рекорд од пет меча на домашен терен без примен гол, серија каква што Реал имал од декември 1994-та до април 1995-та година. Тогаш тренер на клубот беше Хорхе Валдано.
Во Шпанија Реал 34 пати ја освои Ла Лига, 19 пати Копа дел Реј, 11 Суперкуп на Шпанија и 1 Лига Куп. А Реал има уште 26 меѓународни трофеи: 13 пехари во Лига на шампиони, 2 во Куп на УЕФА, 4 во Супер Куп и Светско клупско првенство, 3 во Меѓуконтиненталниот куп.
Барселона има: 26 титули во Ла Лига, 30 пехари во Копа дел Реј, 13 во Суперкуп на Шпанија, 2 во Лига Куп, 5 во Лига на шампиони, 5 во Суперкуп на УЕФА, 7 трофеи од Светско клупско првенство, 3 во Куп на саемски градови и 4 во Куп на победници на Купови.
БЕНЗЕМА И РАМОС ИМ ДОНЕСОА ШАМПИОНСКА ТИТУЛА
Сезонава Карим Бензема постигна 21 гол. Првпат во кариерата запиша 20+ голови во две сезони по ред (21 имаше во 2018/2019).
ЧУДЕСНИОТ ЗИДАН
Најмногу заслуги за титулата на „Кралевите“ носи Зидан. Тој стана првиот тренер на Реал Мадрид уште од времето на Фабио Капело (од 2006-та) којшто освоил 2 титули. Тоа им успеало само на 8 тренери на гигантот од Мадрид: Мигел Муњос (9 пати како тренер бил шампион), Луис Моловни (3), Лео Бенхакер (3), Хуан Вилјалонге (2), Миљан Миљаниќ (2), Фабио Капело (2), Висенте Дел Боске (2) и Зинедин Зидан (2). Легенда!
Титулата на Реал Мадрид е особено грандиозна ако се знае дека имаа проблеми со составот: за Карвахал немаше адекватна замена, само Милитао беше стопер замена за Варан и Рамос, Каземиро воопшто немаше дублер, Модиќ и Крос исто така со само една алтернатива за нив - Валверде. Напред Винисисус паѓаше во форма, Родриго уште е нестабилен, Азар вечно беше повреден или ја креваше формата, Бејл заборави на фудбал, Асенсио влечеше повреда, Браим покажа дека не е за Реал итн.
Како потврда за сево ова е податокот дека во другите клубови крилните напаѓачи даваат по 10+ гола а во Реал Мадрид втор
Факт на денот за Зизу. стрелец е стоперот. Со такви проблеми во напад Зидан освои шампионска титула.