Таму нема зурли, тапани и истрели - навивачите на Реал ги послушаа апелите и не се се собираа на плоштад

Реал Мадрид првпат после три години ја освои шампионската титула во Ла Лига, а играчите гласно ја прославија титулата но без навивачите.

Со беспрекорна серија од 10 победи на 10 меча по ред, Реал Мадрид ја доигра сезоната и убедливо ја освои титулата, иако на неколку кола пред крајот заостануваше бодовно зад главниот ривал Барселона.

Сите натпревари по рестартот на Примера, Реал ги одигра на помошниот стадион, оној на кој игра Реал Кастиља, вториот тим на клубот.

Синоќа со головите на Бензема го совладаа Виљареал 2:1 и славјето можеше да почне. И без навивачи славеа многу:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🤩 HALA MADRID!!! 🏆 #34Ligas

A post shared by Real Madrid C.F. (34🏆) (@realmadrid) on

 

Интересно, пред шампионскиот меч против Виљареал, на сајтот на Реал Мадрид излезе соопштение во кое се бара ако екипата ја освои титулата и стане шампион, а поради тоа што играчите нема да ги посетат традиционалните места за славење титули, како што е Плаза де Сибелес, навивачите и сосиосите да се воздржат од масовни собири.

Во соопштението пишуваше и дека „сите сме должни да ја продолжиме борбата со пандемијата и да ги минимизираме ризиците од понатамошно ширење на вирусот“.

Навивачите на Реал кои низ годините бурно ги слават титулите на Плаза де Сибелес, овојпат го послушаа апелот и освен со свирки од возила, не се собираа масовно на плоштадот.

Герет Бејл исто мирно ја прослави титулата 

Интересни факти за титулата на Реал и Зидан

17 јули 2020 - 12:27