Додека Бернабеу се реновира за 575 милиони евра, Реал игра на мало стадионче

Кралскиот клуб од карантин не се врати на својот „Сантијаго Бернабеу“, туку на вториот клупски стадион „Алфредо Ди Стефано“ каде обично игра третиот тим Кастиља. “Меренгес“' ја искористија паузата поради глобалната пандемија на најдобар можен начин, да влезат во голема реконструкција.

Ова симпатично стадионче има капацитет од 6.000 места, а Реал ќе игра таму до крајот на сезонава.

Луѓето од управата на Реал Мадрид одамна имаа во план реконструкција на „Сантијаго Бернабеу“ и поради тоа клубот бараше од лигата да ја почне сезоната со серија гостински натпревари.

Флорентино Перез побарал од челниците на шпанска Ла Лига да им дозволат Реал да игра на резервниот стадион, со цел да ја искористи неочекуваната пауза поради глобалната пандемија и да ја изведе најтешката етапа од реконструкцијата на стадионот. И онака нема гледачи, затоа Ла Лига му дозволила на Реал да игра на малиот стадион „Алфредо Ди Стефано“ во нивната база.

Тренерот на Еибар Хозе Луис Мендилибар пробал да добие внимание: „Сметам дека ова е недопуштено. Ако бирате стадион на почеток на сезона, мислам дека не е правилно да го менувате подоцна“.

Фудбалерот на тимот од Баскија кој изгуби 3:1 од Реал Мадрид, Педро Леон рекол дека теренот на Еибар е ист по димензија со „Ди Стефано“ (иако капацитетот на „Мунисипал де Ипуруа е за илјада места поголем), така што нема ништо страшно.

Ваква варијанта за играње на резервен стадион за да се сочува „Камп Ноу“, разгледувала и Барселона но поради финансиски проблеми се откажале.

А ШТО СЕ ПРАВИ НА БЕРНАБЕУ ПЕРИОДОВ?

Еве како легендарниот храм на фудбалот изгледаше на крајот од мај. А сега таму се менува теренот (ќе се поставува уште посовремена дренажа и пониско од досегашното ниво), сменети се и неколку стотици седишта со нови и пошироки.

Реконструкијата на трибините би требало да заврши до почетокот на 2022 година, ништо порано, но изведувачите тврделе дека ќе може да се игра фудбал на Сантијаго Бернабеу веќе од следната сезона.

ШТО ЌЕ БИДЕ СО СТАДИОНОТ ДИ СТЕФАНО?

Проектот на ова симпатично стадионче го изработело американско архитектонско биро од Флорида. Стадионот се наоѓа во центарот на инфраструктурниот проект City Real. Стадионов и клупската база се изградени уште во 2006-та година.

Интересно на фрлањето на камен темелникот уште беше жив и Алфредо Ди Стефано кој тогаш бил во друштво со капитенот на пионерите на Реал, 11-годишниот Дани Карвахал.

Во февруари 2007-ма година пред ова стадионче била откриена 400-кг тешка статуа на Ди Стефано. На отворањето на стадионот играле Кастиља и првиот тим на Реал, а победиле првотимците со 6:1 (првиот гол го дал Серхио Рамос)

Овој стадион е eco-friendly. Топла вода во соблекувалните се обезбедува благодарение на соларни панели на кровот на стадионот, а има и систем за прочистување на водата.

Самиот стадион „Алфредо Ди Стефано“ не е проектиран само за фудбал, туку е мултифункционален. На него може да се одржуваат и концерти и други настани. Инфраструктурата е спремна за пристап на големи трејлери кои би поставиле сцена (бина), а совршени места има и за пренос на какви било настани.

На ова стадионче тренерската кариера ја започна Зинедин Зидан а дури осум играчи од првиот тим на Реал некое време на почетокот на своите кариери во Мадрид, играле за Кастиља.

ЗОШТО ГО РЕКОНСТРУИРААТ „САНТИЈАГО БЕРНАБЕУ“?

На легендарниот стадион ќе се појави подвижен покрив (за 15 минути ќе може да се отвори/затвори). Ова било неопходно за стадионот на Реал да стане мултифункционален.

Досега теренот не бил подвижен а сега ќе може во најкус можен рок да се тргнат бусените трева, и да се монтира друга подлога за само неколку минути. На „Бернабеу“ досега немало места за да се движи целиот терен како на „Фелтинс Арена“ каде игра Шалке во Гелзенкирхен. А отсега седум-осум огромни делови од тревникот ќе може лесно да се истуркаат во посебен простор внатре во стадионот и да легнат еден преку друг (слична шема и на ултра-модерниот стадион на Тотенхем).

Инаку овој стадион треба да стане симбол не само на Реал туку на целиот град и на него ќе може да се одржуваат настани во 300 дена во годината (Реал е ориентиран на моделот на Далас Каубојс од американската НФЛ). Стариот „Сантиаго Бернабеу“ бил од полза 35 дена во годината, односно 9 пати помалку отколку што ќе биде сега (за концерти, семинари, конференции, саеми, баксет, хокеј, турнири за видео игри, покер турнири, родео, борење па дури и циркуски шоуа од кои Реал ќе заработува многу приходи).

Целата реконструкција ќе го чини Реал Мадрид околу 575 милиони евра.

Претседателот Флорентино Перез е уверен дека заработката на Реал по реконструкцијата на „Бернабеу“ ќе се зголеми за плус 150 милиони евра годишно.

„Сакаме да го направиме Сантијаго Бернабеу најдобар стадион на свет. Да биде едно од најпопуларните места кои ќе станат култни за Мадрид. Сакаме стадион на ХХI век кој ќе има најдобар комфор. Ова ќе принесува дополнителни 150 милиони евра по сезона. Тоа ќе значи постојан извор на приходи доколку се стремиме да го сочуваме нашиот статус на спортски и економски лидер“.