Додека Кралевите ја слават шампионската титула број 34, нема сведок на овие фотографии и видеа кој не се зачуди и не му фати сеир на Герет Бејл.
Велшанецот во 2013-та го направи трансферот за кој сонува секој фудбалер. Од Тотенхем замина во Реал за 100 милиони евра, освои 13 трофеи, се стекна со богатство и слава и пак не е среќен и задоволен.
На мечот против Алавес го уловија како ја става маската над очи за да дремне додека неговите колеги се потат во борбата за титулата.
📺 #DirectoGol
— GOL (#VolverEsGanar 🔛⚽️) (@Gol) July 10, 2020
😅 ¿Cómo ha vivido @GarethBale11 el partido desde la grada?
🔥 ¡Lo vemos a continuación! pic.twitter.com/c0GmeSTU3C
И како да не е свесен дека го гледаат и сликаат, во следното коло против Гранада зема со реквизити од клупата за резерви двоглед да си прави и ич уво не го боли за мечот.
И на трет меч во низа, синоќа против Виљареал беше врвот. Изгледаше како воопшто да не го допира тоа што тимот во кој веќе седма сезона му дава астрономска плата, слави титула.
Gareth Bale with his best Ashley Cole impression 👀 pic.twitter.com/mgeYxWbkD9
— ESPN UK (@ESPNUK) July 16, 2020
😅 Don't think Gareth Bale wanted to be involved in the celebrations! pic.twitter.com/D7JS25DXJN
— SPORF (@Sporf) July 16, 2020
I’m crying look at Gareth Bale😭😭 pic.twitter.com/pPuJOmNVP7
— 📦 (@LfcWrighty) July 16, 2020
What is Bale trying to do here, this guy man 😂😂😂 pic.twitter.com/nnAV6n8Lxf
— Jeff ³⁴ (@JdristaJr) July 16, 2020
Бејл сезонава беше стартер во Ла Лига само 12 пати, а на последните 10 меча за Реал по паузата доби само две шанси од клупа. Веројатно на тој начин го искажува револтот, со максимално непочитување кон клубот.
Неговиот договор истекува во 2022-ра, а шпанските медиуми пишуваат дека со ова недолично однесување сака само да го испровоцира Флорентино Перез предвреме да се ослободи од него за што би требало да добие обештетување во износ од две плати.
Иронијата е поголема, затоа што Бејл е најплатен фудбалер на Реал со годишна плата од 17 милиони евра годишно.
Инаку со проблематични однесувања на Бејл, Кралевите почнаа да си имаат работа уште од минатото лето, а се започна кога скокнал претсезонски натпревар за да оди да игра голф. Весникот Марка без размислување го спружи на насловна, а навивачите почнаа да го свират.