Најпознатиот шпански весник на провокацијата на Бејл: Велс. Голф. Мадрид, во контекст дека клубот му е на последно место, одговорија со насловна: Без почит. Погрешен. Неблагодарен.
Целата фора со голфот потекнува од летоска кога велшкиот репрезентативец избегна предсезонски натпревар со Реал и беше фатен од шпанските медиуми како игра голф.
Тоа беше проследено како голем скандал по што почна да се шират шпекулации дека во јануари ќе биде продаден. Во ситуација кога е во каша и нема голема минутажа, Бејл дупло ја оплеска и фати да ремети сериозен клуб од кој уствари зема плата и со кој има освоено четири трофеи во Лига на шампиони.
За чудо, нема реакција ниту од Зидан, ниту од Флорентино Перез, туку само една мека и несфатлива реакција од клубот која ја пренесе Марка:
„Постојат гестови кои фудбалерите не треба да ги прават. Тоа што го направи Бејл во вторникот е еден од тие случаи. Јасно дека позирањето со таков натпис не е убаво прифатено меѓу навивачите, но тоа не го промени тоа што тие го мислат за него, односно дека е најдобар фудбалер кој Реал го има во моментов во составот“.
Фергусон да ти беше ќе играше со истиот дрес на ПЕС.