Ливерпул против Арсенал пред неколку дена во дуел од Премиер лигата имаше 70% посед на топка, постигна и прв гол но потоа „топџиите“ направија пресврт. И покрај тоа што Ливерпул имаше 24:3 во шутеви кон противничкиот гол, на крај изгуби.
„Денес разликата меѓу екипите беше огромна. За да се победи Ливерпул важно е да се реализираат шансите, добро да се браниш а и да имаш мноуг среќа. Безусловно оваа победа е најдобриот лек за Арсенал од аспект на енергија и позитива пред полуфиналето на Купот“, изјави тренерот Микел Артета.
Пред мечот со Сити во полуфиналето на ФА Купот, сите се сеќаваа на мечот кога Арсенал без никакви шанси изгуби со 3:0 кога Давид Луиз направи неколку грешки и сите го кривеа за поразот. Луиз во меѓувреме го продолжи договорот со Арсенал.
Интересно Пеп Гвардиола и после тој очаен меч со Сити пофално зборуваше за Давид Луиз: „Ми се допаѓа што Луиз уште игра фудбал и сигурен сум дека ќе направи многу добри работи. Да, грешките се дел од фудбалот но тој ги прима многу достоинствено. Многу го ценам тој играч. Многу“.
Синоќа на „Емирати“ против Ман. Сити Давид Луис одигра сјајно: неколку пати блокираше чисти удари за гол и како победник излезе од 4 дуели со противнички фудбалери.
Од стартот од мечот Манчестер Сити доминираше, воспостави контрола на теренот и имаше посед на топка, но Арсенал сурово им одговори.
Прво Лаказет му асистираше на Габонецот кој го отвори резултатот по сомнителна офсајд ситуација а после Обамејанг зголеми на 2-0 на асистенција на Никола Пепе. Овој гол на Оба беше резултат на комбинација од 18 додавања во напад во кој учествуваа буквално сите играчи на Арсенал.
Во првиот дел Арсенал три пати шутираше во противничкиот гол на Сити, повеќе дури и од сите 3 меча вкупно против Сити сезонава.
Во вториот дел „топџиите“ сосема им го го препуштија поседот на „граѓаните“ (80% против 20%), ама Обамејанг искористи ситуација еден на еден и го издрибла голманот за 2-0.
Од моментот на деби во англискиот фудбал (февруари 2018), само Мохамед Салах постигнал повеќе голови од Габонецот Обамејанг - 68:66.
Последен пат Арсенал победил две средби против екипа од Топ6 во една една сезона на ФА Куп во 2017 година. Тогаш два пати славеле против Манчестер Јунајтед 2:0 а после во финалето на ФА Купот го победија Челси со 2:1. Тоа беше уште во време на Венгер.
Арсенал се пласираше во рекордно 21 финале на ФА Куп. Противник за големиот пехар ќе им биде Челси или Манчестер Јунајтед. А Сити во меѓувреме му останува уште големиот реванш со Реал Мадрид во Лига на шампиони каде има огромна предност 1:2 од „Сантијаго Бернабеу“.
Поразот на Сити значи и дека Арсен Венгер ќе остане единствениот менаџер во Англија кој освоил повеќе од еден ФА Куп пехар во периодот од 2000 до 2020. Дури 15 менаџери (меѓу нив и Артета/Лампард/Солскјер) ќе го освојат или го освоиле само еднаш. Арсен Венгер шест пати го крена трофејот од ФА Куп.