Ваков гол македонски репрезентативец во историја нема дадено
Стефан Спировски имаше деби настап за АЕК Ларнака како никој. На пријателски меч против Докса така јако ја опали од преку 30 метри, мислиш Роналд Куман е ова, а не Стефан наш. Неверојатно е ова голчиште, пет пати го изгледавме. Величе од таму не можеше да ја добаци.
Инаку на мечот настапија вкупно петмина Македонци. На Спировски соиграчу му се Тричко и Мојсов кои го добија дуелот со 2:0, а за Докса настапуваат Шишковски и Трајчевски.