Петар Наумоски – македонскиот бисер

Му реков: Ќе вежбаш напорно, скоро 8 часа на ден, но нема да играш и тој се согласи. Никогаш претходно немав таков случај, играч кој сакаше да работи напорно без да игра. Но Наумоски беше самоуверен и ја презеде ситуацијата како инвестиција. Ги победи сите ситуации еден на еден, имаше одличен шут и знаев дека еден ден ќе биде еден од најдобрите шутери во Европа.

Ако некој ме праша кој е најдобриот македонски играч на сите времиња, мојата почетна дебата би била меѓу Благоја Георгиевски и Петар Наумоски.

Првиот беше лидер на големиот Работнички во 70-те. Беше учесник со Југославија на две Олимпијади (1972 и 1976) и истовремено најдобар стрелец за Работнички (4.500 поени во првенство).

Наумоски пак направи голема кариера на клупско ниво, играше за неколку одлични екипи во Европа и освои пет европски трофеи. Учествуваше на неколку ФИБА ол стар игри. Ако треба да изберам, веројатно ќе речам Наумоски поради неговиот меѓународен успех и неговите 24 освоени трофеи во Југославија, Турција и Италија.

МАЉКОВИЌ - ПРОРОК

Петар Наумовски – Пеца за неговите пријатели, е роден на 27 август 1968-ма во Прилеп. На 16 години веќе играше за Работнички, долги години најдобриот македонски тим во Југословенска лига. Со своите 194 см во помладите категории играше на бековските позиции, но поради контролата на топката и прегледност на играта неговото природна позиција беше плејмејкер.

Исто така можеше лесно да игра и бек, благодарение на неговиот одличен шут. Тој беше природен талент, еден од многуте што излезе од Југославија, но никогаш не играше во кадетските или јуниорските репрезентации.

Божидар Маљковиќ пристигна во Сплит да ги изгради одличните екипи на Југопластика, базирани на таленти како Тони Кукоч, Дино Раѓа, Жан Табак и други и уште од старт знаеше дека ќе мора да оди на “риболов“ подалеку од Сплит.

Така со своето искуство од Будуќност Подгорица пристигна Душко Ивановиќ, како и Зоран Сретеновиќ од Црвена Ѕвезда и Лука Павиќевиќ од Цибона Загреб. Потоа дојдоа Зоран Савиќ од Зеница и Арамис Наглиќ од Ријека.

Сите тогаш играа, но Маљковиќ секогаш гледаше и фрлаше око кон младите кои имаа ветувачка иднина. Така Сплит го пречека младиот напаѓач од Црна Гора, Велибор Борко Радовиќ и еден млад бек од Македонија по име Петар Наумоски.

Двајцата младинци се појавија на списокот на Југопластика која ја освои Евролигата во 1990-та и 1991-ва, два пати во финале против Барселона, но нивниот придонес беше симболичен. Уживаа од клупа во игрите на своите соиграчи, се стекнаа со искуство и се подготвија да зачекорат напред.

Откривачот на Наумоски, Мајковиќ ми рече дека Наумоски е единствен случај:

„Му реков: Ќе вежбаш напорно, скоро 8 часа на ден, но нема да играш и тој се согласи, вели Мајковиќ. Никогаш претходно немав таков случај, играч кој сакаше да работи напорно без да игра. Но Наумоски беше самоуверен и ја презеде ситуацијата како инвестиција. Ги победите сите ситуации еден на еден, имаше одличен шут и знаев дека еден ден ќе биде еден од најдобрите шутери во Европа. Горд сум што можев да го видам неговиот талент кога беше непознато мало дете.“

Потоа за време на есента 1991-ва, изби војната во поранешна Југославија. Југопластика, како мултиетнички тим се распадна. Савиќ потпиша за Барселона, Павиќевиќ за Раднички Белград, а Радовиќ и Наумоски се вратија во Будучност и Работнички.

Во сезоната 1991/1992 го југословенската лига без екипи од Хрватска и Словенија, Наумоски потпиша за Работнички.

После неговите дискретни бројки во текот на двете години во Сплит (39 натпревари, 73 поени, 1,9 поени по натпревар), Наумоски постигна 388 поени на 22 средби (17,6 во просек).

Се сеќавам на една негова партија во Белград против Партизан (шампион во Евролига таа сезона), кој Наумоски го доби сам. Сезоната ја заврши како деветти најдобар стрелец на лигата во тешка конкуренција составена од Бобан Јанковиќ, Предраг Даниловиќ и неговите поранешни соиграчи Павиќевиќ (трет со 464 поени) и Радовиќ (осми со 390). Работнички стигна до полуфиналето и загуби од Црвена Ѕвезда.

ПРОБИВ ВО ЕФЕС И ТРИУМФ ВО БЕНЕТОН

После таа одлична сезона, Ефес Пилсен од Турција го забележа Наумоски и успеа да го направи еден од најдобрите трансфери до сега. По пристигнувањето на Наумоски, Ефес почна да расте во Европа.

На 16 март 1993-та, Ефес стана прв турски клуб во историјата кој успеа да влезе во едно континентално финале, а тоа е Корач купот. Мозокот на тој тим беше Наумоски кој со минутажа од 31,2 минути во просек имаше по 17 поени и 3 скока по натпревар, како и 25 од 52 тројки или 48,1%.

Сепак, таа титула на Корач Купот против Арис во Торино, нема да биде запаметена по играта, туку по битката меѓу навивачите на двете страни на трибините. Натпреварот заврши со победа од 50:48 за Арис, но четворица играчи на Ефес завршија во болница.

На крајот на таа сезона, Ефес ја освои турската лига, а главната улога секако ја имаше Наумоски. Следната сезона Ефес ја освои двојната круна и тоа беше доволно за да добие повик од Бенетон Тревизо. Потпиша, се пресели во Италија и имаше одлична сезона и таму, бидејќи Бенетон стигна до Сапорта Куп финалето (второ по ранг клупско европско натпреварување)

Противник им беше Таугрис Виторија од Шпанија, а мечот се играше на Абди Ипекчи арената во Истанбул, поранешниот домашен терен на Наумоски. За него тоа беше трет европски трофеј, а натпреварувањето го заврши со 20,8 поени по натпревар. Беше прв стрелец во својот тим со 353 поени.

Во италијанската лига имаше просек од 18,3 поени, 2,9 скока и 2,8 асистенции. За три поени шутираше со над 50% успешност и го предводеше рангирањеТО пред играчи како Саша Ѓорѓевиќ, Хенри Вилијамс и Аријан Комазец. Таа сезона беше петти најдобар асистент. Бенетон имаше прекрасен тим, но го загуби финалето од Баклер Болоња со 3:0. Но сепак освои италијанскиот Куп против Триесте, а Наумоски во финале постигна 16 поени.

Во Турција, Ефес Пилсен сфати дека губењето на Наумоски ги претвори во сосема поинаков тим. Клубот вложи голем напор и успеа да го врати во Истанбул. Во март повторно стигнаа до финалето на Корач Купот, а овој пат за противник во имаа Милано, тим со чудовишта од таленти како Дејан Бодирога, Нандо Џентиле, Грегор Фучка и Роналдо Блекмен. На првиот меч Ефес славеше во Истанбул 76:68, а брилијантниот Наумоски го заврши мечот со 31 поен, 10 асистенции и 3 скока.

На реваншот Милано беше фаворит и требаше да надополни 8 поени негатива, но победи 77:70. Фучка имаше 20 поени, Џентиле 15 и Бодирога 14. Играч на мечот уште еднаш беше Наумоски со 26 поени, што значи четврти негов европски трофеј.

Тој месец, Наумоски доби турски пасош со името Намик Полат, но никогаш не заигра за турската репрезентација. Сонот му беше да го носи дресот на Македонија на едно големо натпреварување. Неговите златни години во Ефес продолжија со две првенствени титули по ред 1996 и 1997 и турски Куп и Президент Куп во 1998-ма.

Остана во Ефес до 1999-та, а тоа лето успеа да го исполни и својот сон да игра Евробаскет со Македонија во Франција. Заедно со него играше Врбица Стефанов и младиот Владо Илиевски, но истовремено им недостигаа големи играчи и искуство. Македонија заврши 13-та од 16 учесници, а Наумоски беше прв стрелец во тимот со 15 поени по натпревар.

КАМ БЕК ВО ИТАЛИЈА

На крајот од 20-ти век, Наумоски беше избран за најдобар македонски кошаркар на милениумот. Во сезоната 2000/2001 се врати во Италија придружувајќи му се на повторно на Бенетон. Сè уште беше во добра форма со 16,9 поени по натпревар, а во новоформираната Евролига дебитираше со 16,2 поени во просек.

Следната сезона потпиша за Монтепаски Сиена и го освои петтиот европски трофеј, Купот Сапорта. Во финалето во Лион, Сиена ја совлада Валенсија со 81:71, а може се прашувате кој беше МВП? Се знае, Петар Наумоски со 23 поени од кои 5 тројки од 8 обиди. Помош доби од Врбица Стефанов кој постигна 17.

Наумоски остана во Италија уште две години, но овој пат во Милано каде имаше просек 17,9 во првата, па 15,1 поени по натпревар во втората сезона. На 35 години успеа на Виртус Болоња да и даде 48 поени, а во сезоната 2003/2004 на скоро 36 години во Евролига држеше просек од 11,5 поени.

Сепак тоа не беше време за пензионирање. Се врати во Турција, ама овој пат во Улкер со кој го освои Купот на Турција, неговиот последен трофеј. Потоа повторно заигра во Италија, но во поскромни екипи како Палаканестро Гвидо Роси и Дертона Баскет, а крај на кариерата реши да и стави во Македонија со дресот на МЗТ Скопје.

Во 2011 во националниот Куп играше против Работнички, тимот од каде потекнува, но загуби 74:69. Кариерата ја заокружи таму каде што ја започна, во Скопје, со повеќе од 25 години измеѓу.

Наумоски беше плејмејкер, но можеби терминот “табла кош“ бо му одговарал најмногу. Постигна многу поени, како еден од оние олд скул бек шутери кои навистина можеа да шутираат. Ја користеше многу таблата со двојна намера. Поголема безбедност и загарантиран кош, ако противникот го допреше баскетот. Тој беше комплетен играч, паметен и со победнички менталитет. Секогаш победуваше, каде и да играше.

Петар Наумоски, македонскиот бисер.

Владимир Станковиќ

24 јули 2020 - 17:40