Португалецот синоќа стигна до 50 гола во Серија А и стана единствен во историјата на фудбалот со најмалку 50 гола постигнати во Англија, Шпанија и Италија.
Никола Секулов кој настапува за младинските категории на Јувентус и селекцијата на Италија, мечот го следеше на лице место, а потоа се фотографираше со Роналдо и го доби дресот токму од неговиот рекорд.
Секулов игра стандардно за Јуве У-19, а веќе тренираше и со сениорите.