Според техниката и стилот на игра го споредуваат со Клаудио Маркизио, а со фасцинантнава акција покажува дека има квалитети и за во напад. 19 годишниот талент на Јувентус е роден во Пјаченца, но има македонско потекло од двајцата родители. Штета што ја одбра Италија за која веќе има и еден настап во У-20, откако претходно настапуваше за У-17 и У-18. Инаку почна во македонската репрезентација У-17, а втора сезона е член на Јувентус за играчи до 23 години.