Македонскиот дрес кој го носеше во 2017-та, Секулов го замени со италијанскиот и сега е дел од селекцијата У-20.
Доби навистина специфично прашање, а тоа е за кого ќе навива, а на крајот од интервјуто двајцата новинари низ насмевка констатираа: Добро, ова се неговите зборови и малку е и засрамен.
„Со оглед на тоа што моите родители се Македонци, ова за мене ќе биде посебен натпревар за разлика од другите. Но јас се разбира ќе навивам за мојот национален тим, значи Италија“.
А твоите знаат?
Не сум им кажал уште, ама мислам дека ќе знаат.
Тие имаат ли некој посебен ритуал за овој меч?
Ќе го гледаат како и сите мои други, исто како и на селекцијата на Италија, а ритуали немаат.
Што би им кажал Секулов на твоите родители во пресрет на мечот?
Се разбира, да навиваат за Италија.
Да го чуеме Лучано Моџи што рече за Македонија во 91-ва минута