Разговорот се случува една минута пред Трајковски да ги закопа.
Моџи: Ајде, ајде, ќе дадеме гол во продолженија, сигурно ќе дадеме.
Водителката: Ќе почекаме, имаме трпение, нема проблем.
Моџи: Играме против никој.
Потоа продолжи нервозниот аналитичар Франческо Опини
„Некој да ми објасни како е можно, Италија, како четикратен светски првак и актуелен европски првак, по втор пат по ред, значи не по пауза од 20 или 40 години, туку по втор пат по ред да не се квалификува на СП против Македонија на домашен терен. Кој ќе дојде да ми објасни како дојдовме до тука? Една недела дебатиравме, вклучително и јас на крај го направија најдебелото срање. Не мислам на елиминацијата на Шведска од пред четири години, ова е 100 пати полошо“.