Роналдо го урна Лацио и урна неколку неверојатни рекорди

Благодарение на Кристијано Роналдо кој со два гола му се одмазди на Лацио кој победуваше на претходните два дуели, Јувентус сега има +8 на 4 кола до крајот.

Неколку месеци пред овој натпревари, сите се надевавме дека ќе биде директен дуел за скудетото но пред неколку недели Лацио веќе престана да биде главен кандидат за конкурент на Јувентус (пред паузата Лацио имаше само 1 бод помалку од „Старата дама“).

После ужасното лето на Лацио со 7 бода од 7 меча, наивно беше да се надеваат навивачите овој клуб дека може да го стигнат шампионот кој исто така „кашлаше“ со Сасуоло и Милан.

Јуве во дербито дојде до водство во 51 минута, по една глупост на Луис Фелипе во својот шеснаесетник, судијата досуди пенал кој Роналдо лесно го реализираше. После буквално 3 минути Роналдо одново ја затресе мрежата, овојпат по страшен трк во контра со Дибала по грешка на фудбалерите на Лацио кои ја изгубија топката на сред терен.

Кристијано го постигна 30-от гол во Серија А. Тој стана трет играч на Јувентус кој постигнал 30 или повеќе голови во една сезона на Серија А за повеќе од 68 години: во далечната сезона 1951/52 рекордот го држел Џон Хансен а Кристијано синоќа го стигна.

Во 1933/34 Феличе Борел постигнал 31 гол а Роналдо има 4 кола до крај да се справи и со овој предизвик.

Кристијано притоа најбрзо од сите во историјата стигнал до бројка од 50 гола во Серија А - за тоа му требале 61 натпревар. Opta потсеќа дека така брзо не стрелал никој кој дебитирал во лигата уште од 1994/1995. До синоќа најдобар беше Шевченко со 50 гола на 68 меча, Бразилецот Роналдо со 50 гола на 70 меча и Милито и Трезеге со постигнати 50 погодоци ама на 78 натпревари.

УШТЕ Е ГЛАДЕН ЗА РЕКОРДИ ИАКО Е ВО ПОЗНИ ФУДБАЛСКИ ГОДИНИ

Кристијано Роналдо синоќа стана првиот играч во историјата кој постигнал повеќе од 50 гола во Серија А, Ла Лига и Премиер лига. Во англиското првенство Португалецот постигна 84 погодоци, во Шпанија 311.

Сега може да се каже дека покорил 3 најдобри лиги во Европа.

Благодарение на голот од пенал синоќа Чиро Имобиле се израмни со Роналдо на листата најдобри стрелци во Серија А. Шпицот на Лацио долго време беше апсолутен лидер на табелата, но во меѓувреме Роналдо го престигна. Чиро интересно има исто 30 гола од кои исто 12 реализирани пенали како Роналдо.

Имобиле стана само петтиот Италијанец во историјата кој постигнал 30 гола во Серија А. Пред Имобиле тоа им успеало на Џузепе Меаца (сезоната 1928/1929), Феличе Борело (1933/1934), Антонио Анџелиљо (1958/1959) и Лука Тони (2005/2006)

А што се однесува до табелата, Јувентус му се одлепи на Интер на 8+ бода, на Аталанта на 9 бода, а на Лацио на недостижни 11.

До крајот на Серија А има уште четири кола а според календарот Јувентус игра со Удинезе, Сампдорија, Каљари и Рома така што тешко е да се очекуваат интриги за скудетото.

На шампионот од Торино му требаат уште 4 бода за и теоретски да ја освои титулата. Најверојатно ќе ја прослават на 26 јули на домашен терен.

21 јули 2020 - 08:31