„Мојот сопруг работи за Инфективен центар на една њујоршка болница. Има работено за националниот Центар за заразни болести и превенција (ЦДЦ) за време на претходните епидемии и сега е во редовен контакт со њујоршкиот департмент за здравје, поврзано со ковид-19. Во слободното време предава и држи обуки на медицински персонал. Има видено како луѓе доаѓаат во болница со обична кашлица за по неколку дена умираат. За него, нема дилеми околу одлуката да не ги пуштиме децата на школо: „Имаме уште многу да учиме за овој вирус и не можеме да бидеме галантни,“ ми рече кога му кажав дека пишувам статија на оваа тема. „Особено затоа што во моментов не постои реалан план како враќањето на децата во училиште да биде изведено безбедно и за нив и за другите.“
Џенифер Парис вели дека ваквата одлука на нејзиниот сопруг се базира на наука и факти, како што треба. Иако ЦДЦ во април утврди дека само 1,7% од младите помлади од 18 години заболеле од ковид, 30% од децата тестирани во Флорида биле позитивни а младите прават 10% од сите случаи во Калифорнија и Мисисипи. Студија објавена во журналот на Американската медицинска асоцијација покажува дека од 27 пациенти во една лондонска болница, 4 деца страдале од невролошки компликации а ЦДЦ има регистрирано 324 случаи на детски воспаленија поврзани со ковид-19.
Вели дека секој треба да си одлучи за своите деца. Таа ги познава своите и знае дека ќе биде невозможно да им каже да држат социјална дистанца, да ставаат маска веднаш кога треба, да не се гушкаат, држат за раце и прават „да пукне“ со другарчињата. Не е осамена во загриженоста. 71% од испитаните родители сметаат дека враќањето на децата во училиште ќе биде „умерен или голем ризик“ а 6 од 10 родители сакаат и од есен децата да продолжат со образованието од дома.
Администрацијата на Трамп не е на таа линија. Портпаролката на Белата куќа залупа дека „Науката не треба да му стои на патот на повторното отворање на училиштата.“(?!)