Во последната (из)вонредна епизода за ова лето, Фчерашни новости направија прилог во кој ќе може да погледнеме како течат обуките за парламентарните избори.
Навивачите на Ливерпул едвај го дочекаа почетокот на мечот со Манчестер Сити зошто знаеа што ги чека во првите минути од преносот, а ние се прашуваме како кај нас би изгледал еден ваков витешки гест.
Бидејќи вакцината е долги месеци пред нас, аутопсиите на починати од ковид-19 даваат драгоцени сознанија што сè му прави болеста на телото и разните органи. Некои наоди се очекувано но некои сосема ги збунуваат медицинарите.
Во финалето на данскиот Куп се сретнаа Олборг (шестопласирана екипа на табелата) и Сендерјиске (се бори за опстанок во лигата). Мечот го одбележи прекин поради неколку неодговорни поединци.
Серџо Флокари и Златан Ибрахимовиќ се врсници од по 38 години, а шоуто на вечерашниот меч го украде напаѓачот на СПАЛ кој му ја испука на Донарума домаќински за предност од 2:0 веќе по 30 минути игра.
Бебешки влакна се оние глупости на чело што не можете да ги фатите кога ќе ја соберете косата во висока опашка или пунџа. Никогаш не биле битни, иако во последно време стануваат дел од фризура. Како и да е, новите Барбики ги имаат, а фановите се среќни.
Прво, каков човек треба да си, за да ти текне „Ќе плетам џемперчиња колку нокт, што има везе“, второ како се вака детални шарите, трето, некои луѓе се генијални.
На секој меч во просек дава по еден гол, но следно коло ќе го пропушти Милан поради картони. Му бега со 5 комада на Роналдо во Серија А, а има 5 помалку од Левандовски во трката за Златна копачка. Кои се напаѓачите кои има реални шанси да ги мине во Италија и да стане прв во историјата?
Љубителите на фудбалот мора да бидат благодарни и среќни што живеат во ера на еден од најголемите фудбалери во историјата. Меси синоќа го постигна својот 700-ти гол во својата кариера (клупска и репрезентативна).
Советот е од здравствени експерти и се однесува на Американците кои и ова успеаа да го претворат во политичко прашање. Во меѓувреме САД стигнаа до 2,6 милиони случаи на ковид-19.
Судиите на синоќешниот дерби меч од Ла Лига тотално го изгубија компасот. Досудија три пенали од кои еден постоечки, друг сомнителен, трет тешки срамотилаци. Каква ли технологија треба да излезе за да се престане веќе со овој аматеризам.
Иако неговиот Атлетико на Камп Ноу освои златен бод (2:2) во трката за Лига на шампиони, притоа му помогна на градскиот ривал Реал да се доближи до титулата, Диего Коста синоќа ги имаше најлошите 4 минути во кариерата.
Интересно, во вечерта кога Барселона објави на Твитер дека Меси го постигнал 700-от гол во кариерата, и Португалецот го постигна својот 728-ми и тоа прекрасен гол против Џенова (1-3) на гости.
Еден од предметите за кои станавме посвесни во текот на пандемијата, заедно со прекинувачите за струја и гелендерите, се токму кваките. За жал тие ретко се предмет на естетски интерес.
Кој се сеќава, кој не, првиот златен гол падна во златните 90-ти за фудбалот, време од кое паметиме многу звучни имиња, херои на нашето детство. Стрелец е поранешен шпиц на Милан, инаку специјалист за игра со глава.
Јавачката од Швајцарија, Надја Петер Штајнер успеала да докаже на суд дека допингот во организмот на нејзиниот тркачки коњ западнал сосема случајно. Спортскиот арбитражен суд (CAS) од Лозана ја оправда и ја повлече суспензијата.
Несигурноста околу начинот на кој ќе ни се одвиваат летните одмори (ако воопшто се случат) сѐ уште трае, без разлика што некои држави отворија - Ковид сѐ уште владее, а на некои места што требаше божем да бидат смирени - се враќа.