Незапирливиот Имобиле со ова темпо на голови би бил прв стрелец во 79 сезони од 87

На секој меч во просек дава по еден гол, но следно коло ќе го пропушти Милан поради картони. Му бега со 5 комада на Роналдо во Серија А, а има 5 помалку од Левандовски во трката за Златна копачка. Кои се напаѓачите кои има реални шанси да ги мине во Италија и да стане прв во историјата?

29 меча – 29 гола за Чиро Имобиле кој ја игра сезоната од соништата и плус се бори за Скудето. Со вчерашниот погодок против Торино си го израмни личниот рекорд од сезоната 2017/2018, но разликата е што сега до оваа бројка стигна на 9 кола до крај.

Италијанскиот репрезентативец е решен да испише нова историја и тоа всушност го прави од натпревар во натпревар, а статистичарите му пресметаа дека со овие 29 гола постигнати во овој дел од сезоната тој би бил прв во 79 од вкупно 87 сезони.

Кои се фудбалерите кои ги стигна и чии рекорди би урнал ако продолжи со ова темпо?

Стрелец број 1 во историјата на италијанскиот фудбал за една сезона е Игуаин кој во 2015/2016 постигна хет-трик во последно коло против Фрозиноне и стигна до цифра од 36 комада. 

29 ГОЛА

Мауро Икарди 2017/2018
Един Џеко 2016/2017
Единсон Кавани 2012/2013
Антонио Ди Натале 2009/2010
Џино Пиватели 1955/1956
Валентино Мацола 1946/1947
Феличе Борел 1932/1933
Родолфо Волк 1930/1931

30 ГОЛА

Џон Хансен 1951/1952

31 ГОЛ

Лука Тони 2005/2006
Феличе Борел 1933/1934
Џузепе Меаца 1929/1930

33 ГОЛА

Антонио Анџелило 1958/1959

34 ГОЛА

Гунар Нордал 1950/1951

35 ГОЛА

Гунар Нордал 1949/1950

36 ГОЛА

Гонзало Игуаин 2015/2016

1 јули 2020 - 16:25