Најмалите рачно-плетени џемпери на светот

Прво, каков човек треба да си, за да ти текне „Ќе плетам џемперчиња колку нокт, што има везе“, второ како се вака детални шарите, трето, некои луѓе се генијални.

Како?!

Додека ние се мачиме еден конец да протнеме во игла за да закрпиме нешто од преизносените карантински work-from-home униформи (читај: пижами), Алтеа Кром плете минијатурни и микро-мини џемпери што само бубамари би можеле да ги носат. Поточно, величините би му дошле - од XS (бубамара), до XL (глушец). Не, не е инклузивно и нема за стаорци.

Ролка. За глушец.

И како да не е доволно тешко да сплетеш ролка од 5 милиметри, Кром се труди (и успева!) и околу дизајнот - уметнички симболи инспирирани од разни култури и временски периоди; од келтски јазли до Поп Арт, од египетска митологија, до грчки амфори.

Користи тенки свилени конци и игли од хируршка жица. На нејзиниот сајт пишува дека некогаш се едвај 0,2 милиметри. Инспирација влече од Енди Ворхол, јапонско кимоно, грди празнични џемпери, карти, Пикасо и класична „рибарска плетка“.

Повеќето парчиња (парченца?) се од 5 мм до 1 цм и можат дури и онлајн да се купат, во случај да им е ладно на комарците што ве јадат. Цените достигнуваат и над 1000 долари, со оглед на тоа за каква интензивна работа и посветеност станува збор. Има и нешто што се вика „мини минијатурни џемпери“ (колку може да биде помало?!) и имаат уникатен извор на инспирација.

А, можело и помало. Фино рековме, за комарци. Ќе бидат подотерани од вас.

„Овие почнав да ги плетам за Олимпијадата во 2004“, вели таа. „Бев особено инспирирана од спортистите и нивната желба да си ја тестираат физичката и емотивната граница. Многу од нив своеволно се бореа низ речиси неподнослив физички напор за да одговорат на прашањето што произлегува од една универзална љубопитност: „Колку брзо, колку долго и колку далеку можеш да одиш?“

Па, можеш. На пример, може да ти се видат џемперите „некако големи“, па да се префрлиш на чорапи:

Па, можат и чорапите да ти се видат лесни, па одиш на РАКАВИЦИ:

Па, уште внимавано на детали:

...

2 јули 2020 - 06:32