„Во ред е да се забавувате, ама нека биде безбедно,“ вели Саад Омер, директор на Јејл институтот за глобално здравје. „Само треба баланс.“
Има неколку начини на кои можете да се чувате летово.
Бирање дестинација
- Проверете какви рестрикции и карантински правила има вашата дестинација. Некои држави имаат 14-дневна изолација на влез.
- Проверете ги стапките на нови случаи и хоспитализации.
- Ако посетувате роднини или пријатели, внимавајте и вие дали сте во ризична група, а и тие. Се движел ли некој во голема група во скоро време?
- Внимавајте и на правилата дома. Кога ќе се вратите, дали морате во изолација, или не?
Со авион
Може да не ви се чини така, ама излегува дека летањето е побезбедно од ресторан или јавен простор - компаниите и аеродромите се раководат според строги мерки во обид да го намалат ширењето на вирусот. Сепак:
- Проверете ја политиката на авио-компанијата.
- Пробајте да букирате седишта без комшии од страна. Според некои експерти, побезбедно е седиште до прозор.
- Без разлика дали даваат во авион, со себе земете марамчиња за дезинфекција и избришете ги површините околу себе.
- Маска носете за време на целиот лет, освен кога јадете или пиете.
- Не чекајте ред за тоалет. Во тоалетот, допирајте сѐ со влажно марамче, не со раце.
На патување со кола
- Земете доволни количини средства за дезинфекција, маски, марамчиња и хартиени крпи.
- Кога ќе застанувате, допирајте што е можно помалку површини. Ако морате (кваки на пример), фаќајте ги со хартија преку раката.
- Секогаш носете маска на бензински пумпи.
- Кога ќе ја напуштите колата, средството за дезинфекција оставете го на седиште за да се потсетите да го искористите пред да тргнете.
- Ако е можно, земете храна од дома, внимателно спакувана.
- Ако купувате храна, пред да ја внесете во кола, отстранете што е можно повеќе од пакувањето. Другото дезинфицирајте го и избришете ги и рацете пред да јадете.
- За бензин плаќајте со картичка и дезинфицирајте ја после тоа.
- Избегнувајте непотребно застанување.
- Чистете ја внатрешноста на колата на секои 1 до 2 часа и не ги заборавајте и телефоните и таблетите.
Хотел и смештај
- Ако ви е важно што добивате со смештајот, проверете да не е затворено за користење (како базен, бар и слично).
- Не претпоставувајте дека просторот е чист. Бришете сѐ што е цврста, непорозна површина редовно. Ако е преголем просторот, тогаш работи како далечинско, клучеви, наткасни, чаши и чинии.
- Побарајте чисти чаршави и сами местете си го креветот.
- Заедничките простори посетувајте ги кога нема гужва. Носете маска, освен ако не сте сами. Напуштете го просторот ако не можете да се дистанцирате.
- На децата објаснете им дека треба да избегнуваат луѓе во заеднички простории. И нека не делат играчки со други деца што не се со вас на одмор.
Плажи
- Внимавајте на правилата што се воведени на плажата.
- Држете растојание од луѓето што не се со вас дојдени на одмор и на брегот, и во водата.
- Избегнувајте, или на минимум сведете го времето поминато во делови каде што се собираат луѓе, како паркинзи и јавни тоалети.
- Ако има гужва на места каде што се продава храна, избегнувајте ја.
- Носете средство за дезинфекција и користете го секогаш кога ќе допрете нешто што не е ваше.
- Ако изнајмувате некаква опрема, дезинфицирајте ја.
- Не заборавајте на заштита од сонце.
Базени
Отворените базени се со сличен ризик како плажите, ама се некое ниво побезбедни заради хлорот кој го убива коронавирусот. Не морате на затворен базен. На отворен, следете ги истите правила како за плажа и плус:
- Прашајте околу чистењето и практикувањето на препораките за социјално дистанцирање. Ако не ви се чинат адекватни, не одете.
- Мијте раце пред да влезете во базен, и откако ќе излезете.
- Поминувајте што е можно помалку време во соблекувалните.
- Носете си пешкири.
Јадење во ресторан
- Јадете само со луѓето со кои што сте дојдени на одмор.
- Ако ресторанот изгледа како да не ги почитува правилата, не влегувајте.
- Бришете површини, маса, менија. Носете маска.
- Оддалечете се од другите муштерии.
- Ако сте во затворен простор, носете маска цело време, освен додека јадете.
- Избегнувајте гужви.
- Ако сакате да делите храна, нека ви ја одвојат уште од кујна, за да спречите ширење на бактерии.
Општи правила за следење:
- Бидете на дистанца од луѓето што не живеат со вас.
- За активности што се надвор од смештајот или хотелот, гледајте да се на отворено.
- Избегнувајте да го допирате лицето во јавност, особено во гужви.
- Мијте раце редовно, особено кога ќе допрете јавна површина.
- Барајте безконтактни опции за плаќање.
- Не патувајте ако имате симптоми.
И сега, откако исчитавте сѐ ова, дали ќе одите на одмор, и зошто не?