Целиот случај почнал во 2017-та година после едно големо натпреварување во Мароко каде Швајцарката победила и го освоила трофејот.
Спроед правилата на Светската федерација на трки со коњи, на допинг контроли се подвргнати и животните: во организмот на коњот на Штајнер нашле траги од забранет препарат - O-Desmethyltramadol (трамадол).
На Надја Штајнер и ја поништиле победата, и ја одзеле титулата и ја суспендирале на цели 4 години. Заработила и парична казна од 7.500 швајцарски франци (околу 7.900 долари).
Но Надја не се предала зошто била свесна дека не е виновна. Решила да го истера случајот до крај.
ШТАЈНЕР ИМАЛА ДВЕ ВЕРЗИИ, А СО ЕДНАТА ГО УБЕДИЛА СУДОТ ДЕКА НЕЈЗИНИОТ ШОФЕР МОКРЕЛ ВРЗ СЕНОТО КАДЕ ПАСЕЛЕ КОЊИТЕ
Прво швајцарската шампионка мислела дека коњот случајно ја оближал раката на некој од официјалните лица додека таа била 20-30 минути на церемонијата за доделување награди.
Таа сметала дека во рацете на некој од официјалните лица може имало траги од допинг. Таа дури приложила и фотографии на кои нејзиниот коњ ја лиже раката на еден од организаторите на турнирот.
Тоа и не било толку уверлива верзија како што била втората. Според оваа верзија која стана и официјална се испостави дека шоферот од нејзиниот тим примал тромадол за болки во грбот. Мажот подоцна признал на суд дека тој често мокрел во сеното зад камионот во непосредна близина на животните.
По враќањето од Мароко, преостанатото сено било префрлено од камионот во шталата за да се хранат и другите коњи. На суд докажале дека возачот не бил запознаен со последиците а кога сфатил дека тој е крив, се плашел за неговиот професионален углед и работно место. После признал дека тој уринирал.
Помошниот персонал во овој спорт треба да биде свесен за овие ризици, но работата на шоферот не била директно поврзана со коњите така што тој и не бил свесен за последиците кои ги нанел. Покрај тоа, никој ниту на сон не би можел да замисли ситуација во која шофер ќе уринира допинг покрај коњите.
Сево ова го уверила судот во веродостојност на верзиите а Арбитражниот суд за спорт во Лозана заклучил дека допингот западнал во организмот на коњот не поради намера на Штајнер.
Веднаш и се поништени суспензијата и паричната казна и таа ќе може да се натпреварува.