Јавачката од Швајцарија, Надја Петер Штајнер успеала да докаже на суд дека допингот во организмот на нејзиниот тркачки коњ западнал сосема случајно. Спортскиот арбитражен суд (CAS) од Лозана ја оправда и ја повлече суспензијата.