Барбики што промовираат разноликост и - бебешки влакна

Бебешки влакна се оние глупости на чело што не можете да ги фатите кога ќе ја соберете косата во висока опашка или пунџа. Никогаш не биле битни, иако во последно време стануваат дел од фризура. Како и да е, новите Барбики ги имаат, а фановите се среќни.

Како една од најпрепознатливите фигури во американската (па и на цел западен свет) култура, Барби добиваше мејкоувери многу пати досега. Добиваше и критики, дека не е доволно инклузивна и не ги рефлектира вистинските женски атрибути и дека претставува само еден тип на жена. Сепак, Мател низ годините активно се трудеше да пружи разни видови на Барбики, за сите да бидат среќни.

Најновиот пример: Колекцијата BMR1959 има „совршено стилизирани“ бебешки влакна. Гламур вика „луѓето се воодушевени, а како да не бидат?!“

На Твитер, брендот пишува:

„Толку свежо. Толку чисто. Толку Барби.“

…што го повлекува прашањето колку саати нѐ делат од еден што ќе рече „Значи тие што не се чисти, ги отфрлате, бездомниците што да кажат?!“

Во истата колекција (инаку, БМР е Барбара Милисент Робертс, вистинското име на Барби), има и кукла со витилиго (што е супер), со истите бебешки влакна.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Celebrating the beauty in our differences this #WorldVitiligoDay.

A post shared by Barbie (@barbie) on

Сепак, некои се потрудија да потсетат дека на брендот му требаа години пред да ја креира првата црна барбика. Оригиналната излегува во 1959, а првата црна ја покажуваат во 1968 - ама не во редовно производство.

После антирасистичките протести, Мател вети дека ќе се посветува и понатаму на разноликост и инклузија, со изјава дека ја поддржува црната заедница:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

We stand together.

A post shared by Barbie (@barbie) on

А тоа што почнаа сѐ пофраерски да ги дотеруваат со секоја нова излезена Барбика - просто да ти е криво што немаш 8 години.

Од друга страна па, сега имаш плата, па можеш да си влезеш во продавница за играчки и да се подновиш. Не мораш ни да се правдаш - и онака си на возраст кога се претпоставува дека купуваш за дете

2 јули 2020 - 07:06