Во вторникот министерството за култура на Данска дополнително ги олабави строгите мерки, па на стадион пуштаа повеќе гледачи отколку претходно но под неколку услови:
- растојанието меѓу навивачите да биде два метри
- максимален број на гледачи во еден сектор да биде 500 луѓе, а влезовите и тоалетите на секторите да бидат одвоени.
Идеална, совршена слика како тоа треба да изгледа беше оваа, исто од Данска:
На стадионот „Сидбанк Парк“ во градот Хадерслеве кој собира 10.000 гледачи, на финалето на Купот имало околу 1.250 навивачи. Повеќето биле на Олборг кој добил околу 725 карти од федерацијата и ги продавал на сопственици на сезонски карти.
Но ретко кој од навивачите на Олборг држел дистанца онака како што држеа навивачите на Брондби во Копенхаген пред неколку дена.
Ова го забележал судијата Јирген Бурхард и на истекот на 30 минута го прекинал мечот. Чекал навивачите да ја направат неопходната дистанца од најмалку 2 метри меѓу нив.
Во меѓувреме и играчите на Олборг ги молеле своите навивачи да се разделат на растојание но залудно било, па после пет минути убедувања, судијата Бурхард ги пратил двата тима во соблекувалните.
Тогаш помошните тренери на Олборг, Расмус Вурц и Томас Августинусен со раце ги размесутвале навивачите еден од друг на дистанца
Оние кои продолжиле да стојат збиени еден до друг, ги исфрлиле од стадионот. Полицијата уапсила 50 навивач од трибината и со автобус ги вратила за Олборг. Во еден момент имало и мала тензија па еден навивач бил приведен поради пружање отпор.
Целиот прекин траел 14 минути колку што дал продолжение на првиот дел судијата Бурхард кога екипите се вратиле на терен.
Уште до полувремето напаѓачот на Сендерјиске Андерс Јакобсен го отворил резултатот а во 56' минута (во второ полувреме) го дуплирал водството.
Сендерјиске во еден момент останал со играч помалку но успеал да слави на крајот. Тоа е втор пехар во клупската историја после шампионската титула, а за Олборг ова било дури 9-то изгубено финале на Куп.
Интересно, најразочарана од односот на навивачите била министерката за култура на Данска која била на стадионот „Сидбанк Парк“.
„Многу ми е криво што дел од гледачите не разбира дека овие правила се напишани за сите на стадионот и тие се потребно за наша сигурност. Се надевам дека ова (прекинот и исфрлањето на неодговорните поединци) ќе стане сигнал за сите гледачи.
Долго чекавме враќање на публиката на трибините и должни сме да се однесуваме одговорно. Да, фудбалот е емоција, но не смееме да заборавиме зошто држиме дистанца“, рекла Моргенсен после мечот.
Клубот Олборг ги предупредил навивачите за нормите на однесување на трибините. Спортскиот директор Томас Белум бил задоволен што некои гледачи ја прифатиле кривицата и го напуштиле секторот па мечот продолжил. Тој најавил и дека клубот ќе поведе истрага да се види кои се изгредниците и ќе бидат казнети да не доаѓаат веќе на стадион.
Во недела Олборг игра против Брондби.