Пред домот на Безос поставена гилотина

Демонстранти кои повикуваа на укинување на Амазон поставија гилотина пред домот на основачот на компанијата во Вашингтон ДЦ.

Пред справата за егзекуција е поставен и знак „Поддржете ги нашите сиромашни заедници, а не нашите богати мажи“. Првото се однесува на сиромашните населби во Вашингтон ДЦ, а второто на најбогатиот човек на светот, Џеф Безос.

„Обвинението“ против Амазон е дека работи директно со полицијата на следење на граѓаните (преку услугите од Амазон клауд сервисот), дека активно работи на обидите за синдикално здружување на своите работници и ги малтретира работниците.

За сега не е познато дали Безос бил во куќата за време на протестот и додека му ја монтирале гилотината пред врата. Оваа куќа на Безос е поранешен музеј за текстил со површина од 2500 метри квадратни која во 2016 беше купена за 23 милиони долари.

Пред сето ова Амазон објави дека ќе донира 10 милиони долари на организации кои работат на „социјална правда и подобрување на животите на црнците и Афро-Американците“.

30 јуни 2020 - 16:22