Во Молдавија затворена фабрика за фалсификат хеликоптери

Сторија што стандард би очекувале да доаѓа од некоја недојдија во Кина, всушност е од пред портите на ЕУ и е неверојатна колку што звучи.

Молдавска полиција и обвинителство упаѓаат во „тајна фабрика што нелегално произведува копии на советскиот хеликоптер Камов КА-26“. Во време на упадот околу 10 хеликоптери биле на производната лента.

Хеликоптерите се за пазарите на поранешните советски републики, меѓутоа до рацијата ниту еден не бил извезен од земјата.

Комплетното производство, делови и машинерија што се користи биле без документи за потекло и неопходни дозволи за истите. Најголем дел од уапсените, вклучително и организаторите и раководителите, се жители на автономната покраина Транснистрија.

Казната за правење фејк хеликоптери во Молдавија е меѓу три и десет години затвор.

2 јули 2020 - 14:53