На крајот од минатата недела Пеп Гвардиола вети дека неговите играчи задолжитено ќе организираат шампионски коридор за фудбалерите на Ливерпул.
Јирген Клоп изјави дека таква љубезност е незадолжителна. „Не сум сигурен дека сум го имал ова некогаш. Ова се случуваше пред многу време во Германија. Не знам дали овде е традиција. Ова е убав гест 100 проценти. Да бидам искрен не ми треба. Ќе одиме да играме фудбал и да победиме. Не славиме настани од пред една недела“, рекол Клоп.
На ова се надоврза и поранешниот играч на Ливерпул Дени Марфи кој рече: „Де Брујне ќе биде во шампионски коридор за оние кои не можат да му ги чистат ни копачките“.
Фудбалерите на Манчестер Сити го одржаа зборот на Пеп Гвардиола, но на пустиот „Етихад“ коридорот и не изгледаше многу славно:
Јасно е дека мечот се играше без гледачи а екипите мораа да се држат до медицинскиот протокол. Додека играчите на Ливерпул стигнаа до центарот на теренот, коридорот полека се распрска и резервните фудбалери на Сити се упатија кон клупата.
После 45 минути „граѓаните“ не баш коридорски му ја наполнија мрежата на новиот шампион до врв. 3-0 на полувреме со головите на Де Брујне од пенал, Стерлинг и Фил Фоден.
КРАТКА ИСТОРИЈА НА ШАМПИОНСКИТЕ КОРИДОРИ
Sky Sports пишуваше дека еден од првите шампионски коридори го организирал Манчестер Јунајтед и тоа многу одамна, во 1955-та кога витешки му честитале титула на Челси.
Во епохата на Премиер лига немало многу коридори. Најчесто е поздравуван Манчестер Јунајтед (во 2003-та на „Гудисон Парк“ од Евертон) и од Челси во 2007-ма.
Најмногу се паметат аплаузите на фудбалерите на Арсенал во сезоната 2012/2013 кога му честита и на нивниот поранешен капитен а тогаш шампион со Манчестер Јунајтед, Робин ван Перси.
Во 2015-та година Ливерпул организираше мини-прослава за Челси, а после една година „Сините“ го поздравија сензационалниот Лестер.
Гери Невил имаше комичен коментар за коридорите (Guard of Honour во САД и Велика Британија). Тој опиша што чувствувал на церемонијата во 2005-та кога Јунајтед направи коридор за Челси на Мурињо.
„Тоа е исто како жена ти да замине од тебе и уште да бара алишта новиот партнер во твојот шкаф“.
Во Шпанија има посебен однос кон шампионските коридори. Таму секоја сезона има ваква „гарда“ на која чесно му се честита на првакот.
Во 2009-ма година играчите на Барселона му аплаудираа на Реал Мадрид на сред „Сантијаго Бернабеу“ што беше врв, кулминација на витешство. А после 9 години Каталонците одбија да го повторат гестот кога го примија Реал Мадрид кој штотуку го освои Светското клупско првенство.
Се прашуваме кај нас како би изгледал шампионски коридор.