Во средниот век правењето книга подразбирало години и години работа. Писарите се кичмеле над ракописите, осветлени само од природно светло - свеќите биле преголем ризик - и минувале часови и часови секој ден рачно испишувајќи букви. Нормално дека биле ифрит лути ако некој им ја уништел или украдел завршената книга.
Психологот-нобеловец, автор на бестселерот „Размислување брзо и бавно“, има нова книга која продолжува онаму каде што застана претходната - ги применува идеите за човечките грешки и предрасуди врз цели организации. И само таму гледа надеж за надминување на субјективноста и предрасудите. Иако не е баш оптимистички настроен.
Нова книга, која ќе излезе на 1 јуни, содржи до сега необјавени писма на Калас, во кои се открива дека таа била дрогирана, сексуално малтретирана и злоупотребувана дури и од најблиското семејство.
„Бегство од сандакот“ е нова книга која ќе излезе следниот месец, а раскажува како шемата на едно момче да се шверцува во авион од Мелбурн до Лондон излегла вон контрола.
„Златното богатство на француско-англискиот договор“ на читателите од овие две земји им нуди шанса да добијат во лична сопственост артефакт со голема историска, а богами и финансиска вредност.
Прашањето за тоа кој треба да ги поседува книжевните дела и колку долго е тема на остра полемика. Неа ја предводи движење за укинување на авторското право, или барем за намалување на неговото времетраење.
Нова книга истражува што би можеле да ни кажат својствата и изгледот на животните на нашата планета за оние кои живеат (ако живеат) во други делови од вселената.
Во нова контроверзна книга под наслов „Употреба на дроги за возрасни“, истакнат професор од Универзитетот Колумбија во Њујорк тврди дека опасностите од рекреативната употреба на дроги се напумпани. Човекот е невронаучник кој на себе ги тестирал ефектите на хероинот.
Нова книга под наслов „Свет без електронска пошта“ од Кал Њупорт, тврди дека мејловите и пораките ја уништуваат продуктивноста на работните места. Не дека не го знаевме ова, ама убаво е да си повториме. И по неколку минути пак да си го провериме телефонот.
На 20 април ќе излезе од печат книга која е замислена како практичен и забавен туристички водич, напишан од некој кој, до смртта во 2018, имаше пропатувано од Буенос Аирес до Борнео и секаде помеѓу.
На нашки би можела да се вика Ленче Ситуација (Léna Situations), има 23 години и во текот на пандемијата собра милиони следачи на социјалните мрежи. Сега стана и бестселер автор, предизвикувајќи остри реакции кај парискиот книжевен свет.
Марија Коникова мразела казина и коцкање. Но почнала да игра покер како дел од нејзиното истражување на факторите на случајност и веројатност. Набргу ѝ тргнало. Сега има и пари од играњето, и нова книга.
Вчера, 17.1, излезе книга која регистрира историја на земја која повеќе не постои и на музички жанр кој, велат, не е мртов. Таа содржи интересна приказна, за тоа како песна снимена во 1981 од млад панк бенд од провинциска Англија станала славна во некогашна Југославија.
Нова книга го отфрла популарниот мит дека вежбањето е нешто што природно им лежи на луѓето. Мала прелиминарна утеха за да ги поминеме празниците легачки.
Обично етикетирани како „суеверија“, верувањата во зли натприродни суштества не се примитивни и ненаучни - тие се од суштинско значење за нашето разбирање на светот.
Добро, секој избор нели е некомплетен и субјективен. А и годинава уште не е помината. Но ако ова е начин нејзиниот крај магиски (не научно) да дојде побрзо, тогаш еве список на добрите книги за наука што излегоа во 2020
Волтер Тевис, по чија книга е снимена истоимената серија на Нетфликс, се коцкал и пиел, пред да се сврти кон шахот. Со оглед на неговата животна приказна, чудо е што книгата воопшто излегла.
Неодамна во издание на Фабрика књига од Белград излезе превод на книгата „Пругата: авантура на изградбата“, изворно објавена на англиски во Лондон во 1948, која до сега не била приопштена на ниту еден од некогашните југословенски јазици.
Во средата, 7.10, во Франција излезе нова збирка есеи на Уелбек, под наслов „Интервенции 2020“. Меѓу нив и такви со за многумина скандалознa поддршка на Трамп и на француски полемичар-исламофоб.
Секој кој пробал да слуша музика на некој од стриминг сервисите знае колку чиста работа знае да биде тоа - полесно отколку нарачка во кафана. Кликнеш копче и почнува да свири. Но дали навистина ова е толку не-материјален чин колку што изгледа?
На 8 септември, значи за неколку дена, од печат ќе излезе нова книга на Клис, под наслов „Креативност: краток и весел прирачник“. Книгата е навистина кратка, 112 страници, а дека ќе биде весела, тоа сме речиси сигурни.