Бавноста на стандардното читање се должи на непотребниот пат кој го минуваат очите. Постои техника која гарантира дека ќе прочитате куп материјал кога ќе успеете движењето на окото да го сведете речиси на нула. А ние ќе ве потсетиме и на Вуди Ален.
Трендо го објавува кога ќе му начека песна, Илина го објавува кога ќе му начека книга, а еве го начекавме и ние. Познатиот словенечки рокер натепа судија по натпревар од кошаркарскиот Еврокуп во Љубљана.
Обично не пишуваме за вакви луѓе кои се занимаваат со екстремни спортови, но 23 годишната Аша некако фино ќе си легне во друштво на нашите офсајд ликови кои се издвојуваат по својата уникатност.
Од шампион до шанкер. Така накратко може да се опише животот на Енди ван дер Мејде, еден од поранешните најголемите таленти во Европа чија кариера пропадна заради зебрата на неговата сопруга и тој сега стана специјалист за правење кафе.
Земајте хартија од тоа службените принтери и фаќајте се за работа: ја имаме шемата за правење на авиончето кое пред две години го сруши Гинисовиот рекорд.
Football Manager е игрицата со која најверојатно се има заразено секој фудбалски фан кој имал допир со компјутер. Еден од оние луѓе на кои FM им го „украде" животот состави список на симптоми за зависност од оваа игрица.
Празнична атмосфера за сите посетители во следните неколку дена. За најубавите и највеселите празници во годината Веро-центарот подготвува програма која ќе ги анимира потрошувачите во периодот од 27 до 29 декември.
По завршувањето на сите големи настани како Светските фудбалски првенства и Олимписките игри, државите се жалат дека потрошиле многу пари, но повторно сите се тепаат да бидат домаќини.
Домаќините на следниот Мундијал најавија цела армија на обезбедување, како и разни софистицирани методи за кои ќе потрошат 600 милиони евра, а последните немили сцени ветуваат дека нема да се повторат на најголемиот фудбалски собир
Навивачите на американскиот НФЛ тим Сиетл Сихокс не само што го срушија светскиот рекорд и станаа најбучни навивачи, туку и со своето навивање предизвикаа мал земјотрес на стадионот.
Таткото на гонзо новинарството чиј пичвајз од живот е овековечен во филмот Fear and Loathing in Las Vegas поживеа 67 години. На крај изгледа морал да се самоубие бидејќи судејќи по неговата дневна рутина, природно бил неуништив.
Нова книга издадена во Холандија со сведоштва на клупски доктори и поранешни играчи ги потврдува сомнежите дека во 70-те години повеќето фудбалери, сакале или не, биле допингувани.
Искусниот шведски стратег кој смени 12 тренерски клупи и неколку швалерки, има многу раскажани пикантерии во својата книга „My Story". Дел од нив се проблемите кои ги имал со легендарниот Ферги на кој требал да му биде наследник.
Натаниел Кресвик и Вилијам Прест се виновниците за многу брачни кавги, нервози во кладилница и тепачки на трибини. На денешен ден пред 156 години тие го оформиле првиот фудбалски клуб во светот - ФК Шефилд.
Тренерот на Челси, Жозе Мурињо потајно сонувал за фотељата на Манчестер Јунајтед и бил до толку разочаран што Алекс Фергусон му дал предност на Дејвид Мојс, што дури пуштил и солзи.
УЕФА ја потврди кандидатурата на Македонија која со својот најголем стадион се кандидираше за домаќин на еден од натпреварите на револуционерното Европско првенство. Но колку е логично еден ваков фудбалски собир да се одржува исто време во 13 држави?
Навивачите на Галатасарај повеќе не се најгласни навивачи на светот. Светскиот рекорд за бучава на стадион го срушија навивачите на американскиот НФЛ тим Сиетл Сихокс и тоа два пати за време на еден натпревар.
Истражувања во врска со ГМО има многу, за штетноста врз човекот, штетноста врз живиот свет и тн. Сите "научници", кои ги оспоруваат резултатите се на платниот список на големите корпорации како Монсанто.
Мислите дека имате лош ден или лоша недела на работа? А што да каже Хуан Флорес за кого на сајтов пишуваме почесто од Величе Шумуликоски? Перуанскиот голман е навистина за жалење.
За трансферите на Фелаини во Манчестер Јунајтед и Озил во Арсенал кои во 5 до 12 го засилија средниот ред на Олд Трафорд и Емирати веќе знаете. Но пазете сега што се крие зад овие нови имиња кои ќе бидат дел од најелитната англиска лига во новата сезона.
Три глупости го чинеше три порази предпоследно пласираниот тим од првата лига во Перу, Унион Комерсијо. Сите овие киксови за паметење им се случија за две недели, а нивниот голман неодамна си најде место во нашата рубрика Офсајд лик.