Во изминатите неколку години во Велика Британија како причина за развод на брак, играњето на Football Manager се споменува дури во 35 случаи на суд.
Еден од оние тешки зависници од FM е и Јан Мекинтош кој дури има и напишано книга со наслов „Football Manager ми го играде животот". Откако се зарази и со изданието за 2014-та година, Мекинтош состави список со симптоми за зависност од игрицата:
- На списокот за шопинг од пазарче допишуваш имиња на три млади француски фудбалери и потсетник да најмиш скаут во Јужна Америка.
- Се дереш "Where's the passion, lads?" додека гледаш фудбал на ТВ во преполн паб.
- Кога губиш натпревар од купот, во себе си повторуваш дека тоа натпреварување не ти е важно и се насочуваш кон лигата
- Си развиваш разни суеверија како на пример дека ќе примиш гол ако ја погледнеш табелата или дека ќе останеш во водство ако успееш да го задржиш здивот.
- Кога ќе заредиш порази, си се убедуваш дека играта е намерно направена така за ти да губиш. Никогаш не се прашуваш зошто креаторите на играта би го сториле тоа.
- Многу пати те разденило играјќи FM затоа што мислиш дека не смееш да си легнеш со пораз или па е глупо да прекинеш серија од победи.
- Имаш роднини чии животи ги следиш со помалку интерес отколку кариерата на некој фудбалер кој дал 30 гола за твој тим на FM 2007.
- Си го носиш лаптопот со тебе за да можеш да поиграш малку во кола ако чекаш некој што доцни.
- Некои луѓе бројат овци, а ти заспиваш со твојот резервен тим во мислите.
- Постарите фудбалери си ги чуваш во резервниот тим затоа што ти е жал да се ослободиш од нив, а може и да им влијаат добро на помладите.
- Ги изненадуваш пријателите со податоци за некој непознат фудбалер и покрај тоа што никогаш во животот не си го гледал како игра.
- Еднаш имаш поминато осум часа на едитирање на играта за да ги внесеш сите твои пријатели.
- Девојка ти настинува и ти се извинува што те откачува за излегување во сабота навечер. Ја уверуваш дека тоа навистина не е проблем.
- Ставаш тројца играчи од младинскиот тим на клупа за резерви на последниот натпревар од сезоната. Не планираш да ги ставиш во игра, туку само за да добијат на искуство.
- Си имал раскинувања кои помалку те вознемириле од моментот кога некој твој играч е незадоволен.