Американските навивачи се познати по тоа што знаат да бидат многу гласни, но навивачите од Сиетл отидоа едно повисоко ниво.
Во вторникот тие поставија нов Гинисов рекорд за најгласни навивачи кога во еден момент од натпреварот направија бучава од 137,6 децибели. Претходниот рекорд го држеа навивачите на Канзас Сити и тој изнесуваше 137,5 децибели.
Колку за споредба, авион при полетување прави бучава од 150 децибели.
И не само што го срушија рекордот за бучава, тие дури и предизвикале земјотрес. За време на натпреварот против Њу Орлеанс кој тие го добија со 34:7, навивачите реагирале до толку бурно што апаратите на сеизмолошкиот центар во градот регистрирале земјотрес пет помали земјотреси на скалата помеѓу 1 и 2 степени. Најголемиот бил по еден тачдаун во првата четвртина.