Таг: земјотрес

Најтажниот фудбалски пренос од Градски вршен по земјотресот

За 60 годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, ќе потсетиме на едно кусо сведоштво на легендарниот Ивко Панговски кој коментирал меч на кој повеќе имало плачење, отколку навивање.

Земјотресот во Фукушима и на камера изгледа страотно

Фукушима вчера ја погодија два земјотреса, едниот 6,4, другиот 7,3 степени. Заради ударите 2 милиони народ останаа без струја, а Фукушима објави тревога од цунами. Претходниот земјотресот и цунами што ја предизвикаа нуклеарната катастрофа во Фукушима се случија на 11 март 2011 и беше 9 степени.

Се затресе камерата на Градски

Земјотресот кој здрма вчера фино го осетија и тие што беа на Работнички - Пелистер, а во тој момент го снема и коментаторот.

Топла и спонтана реакција во чест на погодените од страшниот земјотрес во Турција

Во судиското продолжение од големото дерби на турската лига Фенербахче - Истанбул Башакшехир (2:0), домашните навивачи спонтатно фрлаа на теренот шалови и капи, за, како што велат, да ги стоплат настраданите од земјотресот.

Под урнатините на мексиканските вести

Цело Мексико било залепено за телевизор за да дознае што има најново во спасувачката драма околу едно 12 годишно девојче живо заробено под урнатините на своето училиште. Сè додека сето тоа комплетно не колабираше. Не урнатините, туку приказната.

Една изгужвана снимка од Скопје по земјотресот

Во катастрофата загинуваат од 1000 до 1100 луѓе, а паралелно со нив најголема нечовечка жртва е старо Скопје. Инаку станува збор за приватно видео снимено вон сите тогашни телевизиски репортажи (аудиото е подоцна додадено).

СВОЗ - добар скроз

Ќе ти ебу више пишување башче по Офф нет. Ја седну да пишују, оно, поплаве. Ја па седну да пишују, оно, земјотрес. Што е следеќе?

Првиот фудбалски пренос од Градски по земјотресот во Скопје

На 53 годишнината од катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје, ќе ве потсетиме на еден од незаборавните и најтешките преноси кој го вршел доајенот на радио репортерството, Ивко Панговски.

Мидери што спасуваат од земјотрес

Со многу пари можат да се направат згради кои издржуваат силни земјотреси. За жал, земојтресната мапа на светот не се поклопува со онаа на распределбата на парите па земјотресите често знаат да удрат по најголемата сиромаштија. На повидок е (привремено) решение и за нив.   

Психологијата на неизбежниот земјотрес

Непалците многу добро знаеја каде живеат и дека кога тогаш ќе ги стрефи уште еден голем земјотрес. Сепак, не направија ништо во врска со тоа.

САД vs. Кина: За земјотресите и стандардите за градење

Земјотрес 6,1 степен ја удира Кина пред еден месец. Подеднакво силен земјотрес удира и во Калифорнија. Кина - стотици загинати, Калифорнија - 100 (генерално) полесно повредени. Видеово објаснува зошто.

Најгласните навивачи на светот предизвикаа земјотрес

Навивачите на американскиот НФЛ тим Сиетл Сихокс не само што го срушија светскиот рекорд и станаа најбучни навивачи, туку и со своето навивање предизвикаа мал земјотрес на стадионот.

Земјотресна уметност

Како да се разбере реалноста на геолошки активниот свет, и да се живее со тоа сознание, без истото да се поврзува само со катастрофи и страв? Уметноста, таа универзална терапевтска алатка, помага. Особено ако е споена со релеватно научно знаење. 

Зошто цунамито во Јапонија беше џиновско

Сите (надлежни за тоа) го очекуваа минатогодишното цунами, она што никој не го очекуваше или предвиди беше неговата големина.

Навивачки земјотрес

Навивачите на аргентинскиот фудбалски клуб Бока Џуниорс при прослава на гол и тоа на неутрален терен предизвикуваат земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтер.

За Скопје нејќеме ни да помислиме

Доколку на Загреб би му се случил земјотрес со слична јачина на оној кој деновиве ја погоди северна Италија, се проценува дека главниот град на Хрватска би останал без 50.000 згради.