Од трибините на арената „Шукру Сарачоглу“ кон теренот долетаа стотици капи, шалови и ракавици.
At the end of the Fenerbahçe game on Saturday, fans threw scarves onto the pitch to be sent to those affected by the earthquake in Turkey ❤️
— ESPN FC (@ESPNFC) January 25, 2020
(via @beINSPORTS_TR) pic.twitter.com/qsFQ6n5nVf
Ова не беше обичен перформанс, туку акција на поддршка за луѓето од истокот на Турција кои настрадаа од страорниот земјотрес.
Во петокот вечер, земјотрес со магнитуда 6,8 (најсилен на Рихтеровата скала) ги погоди провинциите Елазиг и Малатија. Според Bursada Bugün загинаа 29 луѓе, повредени се 1.243 лица а целосно се срушени 72 домови.
Елазиг, кој се наоѓа на околу 550 километри од Анкара важи за еден од најстудените градови во Турција. Ноќта во сабота кон недела таму било -8 степени Целзиусови.
Додека фрлаа многу топли работи како шалови, капи и ракавици, навивачите на Фенербахче скандирале дека тоа е за да им биде топло на повредените.
Луѓето од клубот ги собрале сите предмети и ги пратиле во регионот погоден од страшниот земјотрес. Спасувачките операции на истокот од Турција продолжуваат и според информациите на турските медиуми во нив учествуваат околу 3.700 работници во спасувачките служби. Мечот меѓу Малатијаспор (клуб од градот Малатија) и Трабзонспор требаше да се игра во понеделник, меѓутоа е одложен поради земјотресот.