Еден од спонзорите на аргентинскиот клуб Бока Џуниорс, компанијата Најк, сакаше да ја измери моќта на нивните навивачи и за таа цел тие монтирале сеизмографи на стадионот Сан Хуан.
И покрај тоа што тоа е стадион со капацитет од 25.000 гледачи, а нивниот домашен стадион Ла Бомбонера собира 58.000 гледачи, сепак навивачите на Бока Џуниорс и на неутрален терен на финалето од купот на Аргентина против екипата на Расинг предизвикале силен земјотрес.
Најсилниот земјотрес е забележан при постигнувањето на водечкиот гол во 21-та минута кога биле измерени 6,4 степени на Рисхтеровата скала. Земјотрес од 6,1 по Рихтер бил забележан при постигнувањето на вториот гол на Бока, а по последниот судиски свиреж со кој Бока го освои купот со 2:1, нивните навивачи направиле земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтеровата скала.