Алармот го покрена директорот на тамошниот центар за справување со кризи кој предупредува дека евентуалните штети од земјотрес би имале катастрофални последици а дека тој и неговиот Центар веќе 5 години залудно зборуваат дека за тоа.
"Најголема оапсност за Загреб е можен силен земјотрес. Проценките велат дека во таков случај би можеле да ни се срушат 50.000 стамбени објекти, стари или неадекватно изградени. Притоа би имале 15.000 повредени и 3.000 загинати", изјави Павле Калиниќ.
ПО разорниот земјотрес од 5,8 по Рихер кој го погоди северот на Италија во кој загинаа најмалку 16 луѓе а над 350 се повредени, научници од Природно-математичкиот факултет во Загреб изјавија дека таков земјотрес на Хрватска сигурно ќе и се случи.
"Прашање е само дали тој ќе биде за две минути или за 220 години," велат тие.