ГМО полемика на читатели

Анти ГМО, вторпат

Истражувања во врска со ГМО има многу, за штетноста врз човекот, штетноста врз живиот свет и тн. Сите "научници", кои ги оспоруваат резултатите се на платниот список на големите корпорации како Монсанто.

Здраво Трендо

Би сакал да кажам неколку збора во врска со ГМO, поттикнат од претходните писма кои се појавија на вашата веб страна и кои се полни со невистини и дезинформации од епски размери. Очигледно тие што ги пишувале ги посетуваат само сајтовите на CNN и BBC, а се друго за нив претставува "ѓубре". Добро, без многу да филозофирам и да омаловажувам, како што беше пракса на претходниците, ќе се префрлам веднаш на главното.

1. Човекот отсекогаш произведувал ГМ храна (т.е обид да се поистовети хибридизацијата со ГМО)?
Ова едноставно не е точно. Хибридизацијата е едноставно вкрстување не сродни видови со цел да се добие нов вид, кој би требало да има подобрени карактеристики. Додека ГМО претставува вкрстување на видови кои припаѓаат на сосема различни домени (пример вметнување гени од бактерија во растение, или гени од животно во растение), кои во природата не би стапиле во никаква заедничка интеракција, односно вкрстување.

2. ГМО ќе овозможи помалку користење пестициди и хербициди?
Како најпознат пример е БТ пченката, која содржи ген од Bacillus thuringiensis, која претставува биолошки пестицид.
Последните истражувања и резултатите од теренот го покажуваат токму спротивното. Според резултатите објавени во Октомври 2012, од истражувањата направени од тим од Washington State University, утврдено е дека вкупната маса на хемикалиите кои се користат се зголемиле за 183 милиони кг, од 1996 кога е преставена ГМ пченката.
Главниот истражувач проф. Чарлс Бенбрук вели дека штетниот резистентен плевел е огромен проблем за ГМ пченката и дека заради тоа користењето на хербицидите се зголемува за 25% годишно.
Еве извадок од заклучокот на истражувањето направено од Environmental Sciences Europe кој е доволно јасен и недвосмислен (го постирам во изворна форма):
Conclusions

Contrary to often-repeated claims that today's genetically-engineered crops have, and are reducing pesticide use, the spread of glyphosate-resistant weeds in herbicide-resistant weed management systems has brought about substantial increases in the number and volume of herbicides applied. If new genetically engineered forms of corn and soybeans tolerant of 2,4-D are approved, the volume of 2,4-D sprayed could drive herbicide usage upward by another approximate 50%. The magnitude of increases in herbicide use on herbicide-resistant hectares has dwarfed the reduction in insecticide use on Bt crops over the past 16 years, and will continue to do so for the foreseeable future.

Извори и повеќе детали:
http://www.dailymail.co.uk/news/article-2211737/How-GM-crops-increased-…
http://www.forbes.com/sites/bethhoffman/2013/07/02/gmo-crops-mean-more-…
http://www.enveurope.com/content/24/1/24

Вести од теренот кои укажуваат на тоа дека штетниците немаат проблем да ги уништуваат ГМО посевите:
http://www.theguardian.com/environment/2010/may/13/gm-crops-pests-cotto…
http://www.reuters.com/article/2013/08/28/us-usa-gmo-corn-rootworm-idUS…
http://althealthworks.com/1230/nature-fights-back-new-report-says-corn-…

3. ГМО ќе овозможи подобрување на хранливоста на храната? ГМО не содржи повеќе штетни материи отколку конвенционалната храна?

Во 2012 се објавени резултати од опсежно истражување за нутритивноста на ГМО: Еве мал примерок за ГМ пченка.

Calcium: GMO corn = 14 ppm(parts per million) / Non-GMO corn = 6,130 ppm (437 times more)
Magnesium: GMO corn = 2 ppm / Non-GMO corn = 113 ppm (56 times more)
Manganese: GMO corn = 2 ppm / Non-GMO corn = 14 ppm (7 times more)

Утврдено е дека ГМ пченката содржи 13ppm опасен хербицид, глифосат (glyphosate) и формалдехид (formaldehyde) (200 пати повисоко ниво од максимално дозволеното), за разлика од 0ppm кај конценционалната пченка.
Инаку glyphosate по своите својства е многу сличен со инсектицидот DDT. Погодете кој бил поранешен произведувач на DDT. Точно, Монсанто.
http://articles.mercola.com/sites/articles/archive/2013/04/30/monsanto-…

4. ГМО е тестирана и не докажана нејзината штетност по здравјето на луѓето?

Повеќе истражувања кај стаорци (во едни истражувања хранети со ГМ пченка, а во други со ГМ соја) утврдена е појава на рак, оштетувања на црниот дроб и бубрезите, појава на дијабетес и појава на стерилитет кај 50% од стаорците во 2 генерација и до 90% во третата генерација.
Да додадам дека од сите истражувања кои говорат про ГМО, ниедно не траело повеќе од 90 дена, додека чисто колку за пример, "контроверзното" истражување на др. Сералини траело повеќе од 2 години низ 3 генерации на стаорци. Токму и заради тоа е утврдена појавата на стерилитетот, како главна карактеристика на ГМО.
Освен ова, истражувања на оваа тема со слични поразувачки резултати се правени и во Русија, Австралија, Канада па дури и во САД.

Еве некои линкови, деталите можете сами да прочитате:
http://www.huffingtonpost.com/2012/09/19/monsanto-corn-study-france_n_1…
http://www.huffingtonpost.com/jeffrey-smith/genetically-modified-soy_b_…
http://rt.com/usa/toxic-study-gmo-corn-900/
http://www.dailymail.co.uk/news/article-1244824/Fears-grow-study-shows-…
http://www.globalresearch.ca/biotechnology-genetically-modified-crops-a…
http://www.organicconsumers.org/monsanto/secret062305.cfm
http://www.flcv.com/gecrops.html

Како аналогија, од огромната архива на вакви случаи, ќе ги издвојам случаите на аспартамот, мононатриум глутаматот и цигарите. Аспартамот се користи како замена за шеќерот најмногу кај дијабетичарите, а мононатриум глутаматот е додаток во 99% од преработената храна. Кога биле претставени, "истражувањата" покажале дека тоа се "здрави" додатоци во исхраната. Сега веќе е јасно дека тие супстанци се ништо друго освен класични отрови и канцерогени материи.
Случајот со цигарите е уште поинтересен. Сите "mainstream" научници и и здравствени организации ја поддржувале употребата на цигарите со децении.
Уште се правеле "истражувања" во корист на нив.
Пазете го ова сега:
In 1994, heads of the major U.S. tobacco companies testified before Congress that the evidence that cigarette smoking caused diseases such as cancer and heart disease was inconclusive, that cigarettes were not addictive, and that they did not market to children. Less than 1 month after this testimony, a box containing confidential documents from the Brown & Williamson Tobacco Corporation was delivered to the University of California at San Francisco. What was revealed in these documents was evidence that the tobacco industry had for decades known and accepted the fact that cigarettes caused premature death, considered tobacco to be addictive, and that their programs to support scientific research on smoking and health had been a sham.
http://cebp.aacrjournals.org/content/16/6/1070.full
Резултатите од истражувањата биле фалсификувани, вистинските резултати биле сокриени од јавноста.
Сето тоа заради профит и ништо друго. Кратко и јасно, на корпорациите не им е гајле за здравјето на луѓето.
Истото денес се случува и со ГМО. Корпорациите(во ово случај Монсанто) имаат огромна корист и нив не им е гајле за народот. По секоја цена ќе сакаат да ја протуркаат и да ја озаконат употребата на овие отрови. Се работи за бизнис од трилијарди долари.

5. ГМО не претставува опасност за животната средина?
Уште една ноторна лага. Како прво, со самото тоа што ГМО предизвикува зголемена употреба на хемиски препарати го анулира ова тврдење.
Истражувањата јасно и недвосмислено покажуваат масовно опаѓање на бројот на пчелите, пеперугите па и птиците, во реоните со ГМ посеви.
Цитат: "Butterfly numbers were cut by up to two-thirds and bee populations by half in fields of transgenic winter oilseed rape (canola), according to the final results of a three-year study commissioned by the UK government. Researchers behind the £6-million (US$11-million) study said that the project's weed-control system is to blame" (за жал на про-ГМО претставниците, ова истражување не е финансирано и изведено од некоја непозната фондација, туку од владата на ГБ.).
http://gmoevidence.com/the-royal-society-winter-gm-canola-damages-bee-b…

Цитат 2: "The genetic modification of the plant leads to the concurrent genetic modification of the flower pollen. When the flower pollen becomes genetically modified or sterile, the bees will potentially go malnourished and die of illness due to the lack of nutrients and the interruption of the digestive capacity of what they feed on through the summer and over the winter hibernation process."
Или на кратко, ГМО ги уништува пчелите.
http://www.globalresearch.ca/death-of-the-bees-genetically-modified-cro…

Бонус линкови:
http://www.globalresearch.ca/the-effects-of-genetically-modified-foods-…
http://www.responsibletechnology.org/gmo-dangers/environmental-risks/Ge…
http://www.commondreams.org/cgi-bin/newsprint.cgi?file=/news2006/1010-1…

Да продолжам понатаму. Господинот во едно од претходните писма ја спореди инциденцата на ракот на САД со онаа на Данска. Toj заборава дека здравствениот систем на Данска е еден од најразвиените во светот, со извонредна дијагностика, за разлика од американскиот кој е еден од најпропаднатите во западниот свет. Токму заради тоа е поголем и бројот на дијагностицирани болни од рак во Данска. Друга работа е што причини за рак има многу, не е само ГМО. Најважната работа е дека овие 10 15 години колку што се користи ГМО, се многу мал период за да се утврди некоја позначајна статистика. Вистинските проблеми би дошле во втората генерација.

Многу битна работа во целава работа со ГМО која често заборава да се спомене е т.н Monsanto Protection Act.
Закон напишан од Монсанто кој ја регулира работата на Монсанто (???), изгласан од американскиот сенат и потпишан од претседателот Обама. Ова му доаѓа нешто како во Македонија да се донесе нов закон за енергетика и да биде напишан од ЕВН. Што мислите каков ќе биде законот?
Меѓу другите членови, најинтересен е членот кој вели дека дури и да се докаже штетноста на ГМО по здравјето, никаков суд нема да може да го спречи понатамошното производство и дистрибуција на ГМО , Монсанто нема да сноси никаква одговорност и нема да може да биде гонет на суд. Зошто ако се толку сигурни во полезноста на ГМО, го имаат вметното овој член во законот? Ќе ви кажам зошто. Затоа што знаат какво ѓубре произведуваат.

http://www.ibtimes.com/monsanto-protection-act-5-terrifying-things-know…
http://www.infowars.com/monsanto-protection-act-resurrected-to-grant-bi…
http://www.huffingtonpost.com/2013/09/11/monsanto-protection-act-extens…

Во САД постои дебата за тоа дали ГМО производите треба да бидат означени со посебна етикета. Монсанто со огромни средства и со сите сили се обидува да ги спречи овие кампањи и дебати. Се прашувам зошто би го скратувале правото на избор на потрошувачите? Каде е тука демокаратијата?
http://www.policymic.com/articles/15889/french-gmo-research-finds-monsa…

Пред крај, би сакал да го поставам прашањето зошто ГМО е забрането во многу земји од кои ќе наведам само некои: Франција, Германија, Австрија, Швајцарија, Русија, Јапонија, Унгарија и др. Објаснувањето (барем за земјите од ЕУ) "од политички причини" е смешно, затоа што веќе претходно ЕУ го имаше дозволено користењето на ГМО, а овие го заобиколуваат тој закон и со сопствени регулативи го спречуваат влезот на ГМО во нивните земји.

За крај да сумираме, истражувања во врска со ГМО има многу, за штетноста врз човекот, штетноста врз живиот свет и тн. Сите "научници", кои ги оспоруваат резултатите се на платниот список на големите корпорации како Монсанто.(Како што споменав погоре, случајот потсетува многу на случајот со цигарите).
За вас, кои сте заинтересирани како функционираат големите корпорации, како се прави профит врз грбот на обичниот човек, и како се манипулира со мислењето на "народните маси", разгледајте го ликот и делото на Едвард Бернајс и прочитајте ја неговата книга, "Пропаганда", многу работи ќе им станат јасни.
Отворете си ги очите и мислете со своите глави, додека сеуште има време.

Со почит.

Горан Николовски

************************
За претходните мислења на оваа тема, следете го тагот: ГМО полемика

 

16 септември 2013 - 08:54