Словенечкиот рок музичар е познат љубител на кошарката и голем навивач на Олимпија Љубљана. Тој е автор и на химната на Европското кошаркарско првенство кое се одржа во Словенија и секогаш може да се забележи во првите редови на сите поважни натпревари.
Синоќа тој добро го искористи своето седиште во првиот ред и пристапноста на теренот. Незадоволен од судиските грешки во финишот од натпреварот од ТОП 32 фазата во кошаркарскиот Еврокуп на кој Олимпија Љубљана загуби од Будивелник, Предин влезе на теренот и му удри бокс на еден од судиите.