Вчера, 24.8, на 80-годишна возраст почина „поетот на тапани“, „архитектот на рокенролот“, музичарот кој веројатно би било погрешно да се опише како член на Ролинг Стоунси. За многумина (а и за него, кога бил изнервиран) Мик, Kит и Рони биле членови во неговиот бенд.
Во октомври 2019 австралискиот психолог Стивен Тејлор објавува нешто што подоцна ќе излезе пророчка книга. Тоа едвај му успева, бидејќи издавачите на коишто им се обратил не верувале во нејзината релевантност и комерцијалност. Сега се бара примерок повеќе.
Вработени во кланици, затворски чувари. Без голем дел од вакви и слични „валкани“ работни места не би можел да се одвива секојдневниот живот. Па сепак, за нив ретко се зборува, а и луѓето најчесто се срамат од она што чесно го одработуваат. Нова книга се обидува да ги регистрира нивните приказни.
Кога новинарот Стивен Курци (Stephen Kurczy) тргнал од Њујорк во длабоката провинција на Западна Вирџинија, бил убеден дека ќе го најде модерниот Валден - оаза незагадена од последиците на дигиталната ера. Но дали навистина пристигнал во најтивката област во Америка?
„Земја прогонувана од демони: вештерки, надрилекари и духови на минатото“ е книга на Моника Блек од 2020 која претставува малку поинакво читање на поствоената историја на Германија - не како новородена демократија, туку како нација оптоварена со суеверија и опсесија со надреалното.
Звучи како народна легенда или како нешто излезено од роман на Жил Верн: река што врие, ама буквално. Еден млад истражувач прв пат слушнал за неа од дедо му од Перу. Станал геофизичар и одлучил да открие дали приказната е вистинска.
Иако денес го земаме здраво за готово, нова книга ја анализира глобалната историја на човековиот однос кон бреговите и плажите, кој не бил секогаш онаков каков што е денес.
Лепливо, смрдливо, грдо. Обично вака се чувствува човек кога е испотен, вложувајќи голем напор за да ги скрие или отстрани последиците од еден физиолошки процес, без кого не би преживеале на топло.
Новиот ирански филм. Јужно-корејскиот поп. Магијата на Холивуд. Сите тие можат да бидат примери за алтернативно политичко влијание, брендирајќи ги државите и нациите од коишто доаѓаат на начин кој би можел да обезбеди економска или културна „мека“ глобална моќ.
Во нова книга, Карл Шлегел, германски историчар чија специјалност е Русија, го следи својот нос во потрага по приказната за „Краснаја Москва“, популарен советски парфем.
Преземале физички ризици и опасни патувања, но првите професионални истражувачки од областа на антропологијата дополнително наидувале на сопки од нивните машки колеги дома. Една од нив се самоубила, две завршиле во лудница.
Дали Хирошима би била бомбардирана ако јапонскиот содржеше израз со значење „без коментар“? Дали е во ред мисионерите да заменуваат „бело како снег“ во Светото писмо со „бело како печурки“ на места каде што снегот никогаш не паѓа? Кој, или што е мајката на Кузма, и зошто Никита Хрушчов бил опседнат со неа?
Нова книга ги истражува забавните еволутивни корени на интоксикацијата. И тврди - и покрај сите бељи што ги има направено алкохолот, тој ни е потребен како на вид.
Кога денес ќе го пиете домашното кафе, или ќе го купите во парк од оние шанкчиња, дали ќе помислите како тоа стигнало до таму? Еден човек одлучил да ја следи трагата - од зрното кафе на нечија плантажа, до локалната кафетерија, и на сите да им се заблагодари за истото.
На 6 ноември 1869, Ан Престон, деканка на Женскиот медицински колеџ во Пенсилванија и нејзините студентки требало да присуствуваат на предавање заедно со своите машки колеги. Ова за денешно време не е ништо необично, но тогаш претставувало радикален чекор. Машките студенти ги навредувале и ги плукале со џвакан тутун.
Да му поминела таа книга од 1930-та, Штајнбек веројатно денес немаше да биде најпознат по „Глувци и луѓе“ или „Источно од рајот“, туку по мистерии со вампири и други митолошки суштества.
Нова книга на Стивен Џонсон, која е истовремено и документарна серија на Пи-би-ес, ја истражува науката и медицинските иновации кои имаат победено некои од најсмртоносните болести, и го имаат удвоено траењето на човечкиот живот.
Во средниот век правењето книга подразбирало години и години работа. Писарите се кичмеле над ракописите, осветлени само од природно светло - свеќите биле преголем ризик - и минувале часови и часови секој ден рачно испишувајќи букви. Нормално дека биле ифрит лути ако некој им ја уништел или украдел завршената книга.
Психологот-нобеловец, автор на бестселерот „Размислување брзо и бавно“, има нова книга која продолжува онаму каде што застана претходната - ги применува идеите за човечките грешки и предрасуди врз цели организации. И само таму гледа надеж за надминување на субјективноста и предрасудите. Иако не е баш оптимистички настроен.
Нова книга, која ќе излезе на 1 јуни, содржи до сега необјавени писма на Калас, во кои се открива дека таа била дрогирана, сексуално малтретирана и злоупотребувана дури и од најблиското семејство.