Вообичаено слушаме бунење заради политичка некоректност на извесна изјава, текст или книга. Овој пат некој критикува прекумерно „дотерување" на детската литература, така за да не звучи навредливо.
Дејвид Брн си го сакаме заради музиката и точаците, но човекот е талентиран за повеќе работи. На пример за цртање со молив, и за дијаграмско, едноставно претставување на сложени концепти.
Хилел Шварц, 64-годишен поет, историчар на културата и писател,е автор на обемната студија „Правење врева: од Вавилон преку Биг Бенг и понатаму". Во неа потсетува на едно интересно Здружение, формирано во Њујорк 1903. Претседател на еден од ограноците бил Марк Твен.
Виктор Франкл е еврејски психијатар од Виена кој во 1942-ра, завршува во еден од концентрационите кампови. Три години подоцна излегува од таму, за во 1946-та да ја објави книгата "Човековата потрага по смислата," книга за неговото искуство во кампот (која ја пишува за 9 дена). Според него, разликата меѓу оние кои преживеале и кои умреле се сведува на една работа: Смисла.
Една наша соработничка замери дека на сајтов нема доволно женски теми и ист таков сензибилитет. За да ја исправиме работата, Букбокс отвара посебна рубрика - женско ќоше - со такви типични, нежни, домаќински и женски теми. Првата: снагаторство.
Марија Попова и нејзиниот блог BrainPickings се фино освежување од доминантните содржини на интернет. Книги, уметност, наука, фино дизајнирано и читливо. Така мислат и 1,2 милиони читатели месечно. Еве што мисли таа.
По успешна пилот програма Мекдоналдс решава дека во иднина ќе ја промени содржината на поклоните што ги дава во Хепи Мил. Па од сега, наместо играчки, ќе дели книги.
Белгија го подготвува досега најсериозниот удар врз скиентолозите. Тие цели 15 години се борат државата да не ги стигматизира како култ, а таа во меѓувреме собрала доволно докази да ја гони како криминална организација.
За разлика од Словените, Англичаните го немале Вук да им стандардизира едно ефикасно правило за пишување па им останаа д а се мачат со "peak", "peek" и "pique", со "Prefer" со едно, а "proffer" со две "f"... Зошто англискиот е тежок за пишување? Проблемите започнуваат во 6-от век.
Додека во останатите делови од светот најпопуларните подароци за Божик и Нова година се менуваат, на Исланд со децении најподаруваната е -книга. Зошто?
Тоа дека група луѓе кои претходно не се познавале можат да направат нешто убаво, корисно и некому потребно, немотивирани од ништо друго освен од добрата мисла, е нешто кое прави да веруваме дека светот можеби и не го заслужува крајот кој му се најавува од време на време.
Да си имењак со славна личност е проклетство („Ако си ти Мајкл Џексон, ја сум Мадона“), но како што ќе видите од следниот текст, тоа знае да биде и благослов. На поетот и новинар Рави Шанкар често му е преку глава кога му имитираат звук на ситар. Ама па во ликот и делото на „вистинскиот“ Рави наоѓа и голема инспирација.
„Нека оној кој во животот не напишал ниту еден текст со печатна грешка го фрли првиот коректор", би можела да гласи првата заповед на Божицата на совршениот текст.
Во конкуренција од 200 пријавени македонски веб сајтови, нашево галениче off.net.mk e прогласен за сајт на годината. Нема да се потресуваме околу наградата но, убаво е. Особено што доаѓа во година во која решивме дека не е страшно да пробаме одново да ја започнеме нашата веб приказна. Наградата им ја посветуваме на сите кои не се плашат да направат нешто од почеток. Штета што светов ќе пропадне па нема да имаме многу време да се пуваме.
Снимен во 1984., Various Positions беше единствен албум на Коен одбиен од неговата дискографска куќа. Речиси никој не забележал кога песната сепак излегла, под независна етикета. Оттогаш, преку десетици кавери и како дел од филмска или телевизиска музика, „Алелуја" стана антологиска.
Новинарот и филозоф, Доминик-Антоан Грисони, му прави интервју на големиот антрополог-структуралист Клод-Леви Строс, во форма на интимен речник. Одговорите се на места сурово искрени - на човекот кој доживеа 101. очигледно при крајот на животот многу работи веќе му биле јасни.
Немате време за долги историски лекции и детали од биографиите на славните личности? Сакате сè да ви се објасни во два збора, или уште подобро, да ви се „нацрта“? Ова е книгата за вас. Ако таа ви е долга и сложена, има и видеа.
Пивата на Rogue Ales (нешто како пива за никаквеци) и до сега биле познати по експериментите со вкусовите на пивата, кои се ноќна мора за ортодоксните пивопии, a радост за останатите. Ама сега решиле во пивото да замешаат и книжевност. Буквално.
Британското списание од областа на културата The Literary Review и оваа година ќе ја додели Bad Sex Award - наградата за најлошиот опис на секс во литературата.
Христијанскиот календар (оној што целиот свет ефективно го користи) не е точен заради грешка на еден монах, тврди човекот моментално одговорен за најголемиот дел од монасите во светот - Папата Бенедикт 16-ти.
Имаме предизвик за студентите по машинство, дизајнерите и хаусмајсторите - ако направите еден ваков, ние ќе ги донесеме книгите. Ваши ќе бидат паричките.