„Дали некогаш сте замислувале како навистина изгледаат свинските пити на Билбо? Дали ја споделувате љубовта на Голум кон суши? Каков вкус би имале крилата на балрозите (суштества од Средната земја во Господар на прстените)?" - вака гласи воведот во образложението на проектот, кој иако имаше цел да собере 10,000 долари до 20. декември, денес на 13.ти има собрано речиси 15,000.
Во соработка со Кори Олсен, истражувач на делото на Толкин, Дил сака да напише книга со 30 рецепти кои ќе одат бесплатно онлајн, но и на хартија, со фотографии и коментари на конкретното дело од кое се земени. Човекот според она што го прочитавме е навистина загреан за целава работа и изгледа дека знае што прави. Едвај чекаме да ги пробаме тие крилцата.