
Оff.net.mk собра вкупно три награди на Сајт на годината. Прво беше наградата за трето место во категоријата "Најдобар мобилен сајт," по него следуваше второто место во категоријата "Најдобар забавен сајт" и како за крај стигна наградата за "Најдобар сајт за 2012-та година."
Наградата е добиена по комбинација од гласањето на публиката и стручното жири на организацијата.
Освен off.net.mk, по категории победници се:
- Најдобар сајт според публика: Факултети
- Најдобар сајт според дизајн: Црно- бело
- Најдобар забавен сајт: Мотика
- Најдобар информативен сајт: Курир
- Најдобар спортски сајт: Суперспорт
- Најдобар бизнис/корпоративен сајт: Волксваген
- Најиновативен сајт: Грид
- Најдобар сајт за е-трговија: Купи книга
- Најдобар сајт за невладини организации: Борка
- Најдобар сајт за образование: Универзитет Св. Кирил и Методиј
- Најдобар мобилен сајт: Кајгана
- Најдобар сајт за владини/државни институции: Катастар
- Најдобар блог: Креативен вомиториум
Благодариме на сите што некогаш го отвориле off.net.mk и за поддршка во изминатите десетина месеци.