Во 2006 Бирн ја објавил Арборетум, збирка смешни, по малку иронични, понекогаш апстрактни, а често многу прецизни дијаграми, кои се обидуваат да опишат и објаснат различни концепти, од корените на филозофијата, преку бескрајната спрега на љубовните врски, до екосистемот на изведбените уметности.
„Можеби се работеше за некој вид само-терапија која функционираше преку тоа што ѝ дозволуваше на раката да го 'каже' она што гласот не можеше. Ирационална логика - сум чул дека така се нарекува. Сметам дека голем дел од научните и рационалните премиси се ирационални сами по себе, дека поентата на голем дел од науката и академските истражувања е, во суштина, само елаборирано оправдување на страст, пристрасност, каприц и желба за слава. 'Мислечките' области на нашите мозоци се машини се суперрационализација" - вака Брн ја објаснува теориската рамка на неговиот потфат, обидот да се прескокне јазот помеѓу таканареченото рационално и „романтично" чувствување на светот и ваквата наметната дуалност. Нам од сите овие ни е драг концептот според кој во основата на сите човечки содржини и знаења стојат - крофни.