Умрел во 1865, а на неговиот надгробен камен пишува „Доктор Џејмс Бери“. Бил еден од најпознатите хирурзи на викторијанска Англија. Но уште поинтересно е што Џејмс всушност бил - жена.
Берлинската филхармонија издава нов комплет од 22 ЦД-иња со снимки од концерти на еден од нејзините директори и диригенти, направени пред и за време на Втората светска војна. Со тоа се отвараат голем број прашања поврзани со правењето уметност во очајни времиња.
На 22 април во МКЦ се одржа трето издание на изложбата „Поместени граници“, оваа година со наслов „Молк за...“. Помеѓу изложените дела од неколку автори, едно ни остави посебен впечаток, затоа што ги поврзува (на начин на кој тоа делумно го правиме со „Јадење книги“) храната и идеологијата.
На 3-ти април 1921 неколку новинари одат да го пречекаат и интервјуираат непознатиот научник по име Алберт Ајнштајн. Кога доаѓаат на пристаништето каде што треба да пристигне бродот на Ајнштајн тие се пресретнати од толпа од илјадници луѓе кои извикуваат пофални слогани. Изненадени од популарноста, и шармирани од неговиот карактер, сторијата за пристигнувањето на Ајнштајн стига до насловните страници на големите весници. И сето ова по грешка.
Пред некое време пишувавме за тоа како корејскиот поп стана глобален феномен, спомнувајќи ги Би-ти-ес, момчешки бенд кој во 2017 прерасна во еден од најголемите нови феномени во САД. Сега тие имаат нов албум, кој има врска, ни повеќе ни помалку, туку со основачот на аналитичката психологија.
23 aприл е Меѓународен ден на книгата и авторското право, кога традиционално се упатува порака од УНЕСКО, но и од сите земји кои го одбележуваат овој ден. Оваа година македонската ја напиша Милчо Манчевски.
Кога ви пука душата од обврски, состаноци и градска гужва, додека седите во километарска колона што ја направил џандар, ви паднало на памет дека може треба да се повлечете во планина, со 2-3 овци и да живеете малку поедноставно? На Хејда Асгерсдотир да. Само што, има 500 овци.
Во текот на својата 856 години долга историја, Нотр Дам поминала низ многу нешта. Но еден писател и негов славен роман се најзаслужни што црквата го преживеала 19 век, кога готската архитектура била оставана да скапува.
Има луѓе кои кога ќе тргнеш да им раскажуваш сон почнуваат да превртуваат со очи и ја прават онаа „поштеди ме“ фаца. Она што тие не го разбираат е дека со тоа што ја намалуваат вредноста на овие нарации и самите се лишуваат од одлична можност.
Тројца фудбалери кои синоќа постигнаа вкупно 6 гола во Лига Европа биле дел од Бенфика или од школата и тоа воопшто не е случајно. Абе каква школа, ова е институција. Тука дете да запишеш на фудбал ќе ти го врати човек и тоа оформен кој нема само да мисли на топка и да стане врвен играч, туку и за книга ќе се фати.
Државно училиште во Барселона прави чистка во својата библиотека на книги кои „континуирано повторуваат токсични родови стереотипи“. На пример книги како Црвенкапа.
Никој не се наслади толку многу на долгоочекуваниот премин на новиот стадион на Тотенхем како Кореецот Сон Мин, кој благодарение на строгоста на татко му и тренерот Маурицио Почетино станал врвен фудбалер.
Неодамна пишувавме за маките на новинарите, особено на оние од културните редакции. Нова книга го истражува проблемот од поширок ракурс - како културата, поконкретно книжевноста, полека се истиснува од нашиот медиумски простор.
Цели 87 години на крајот на март Холанѓаните ги промовираат своите писатели и читањето воопшто. А како подобро да промовираш, ако не со тоа што нешто ќе направиш бесплатно?
Гардеробата на Барби се проширува со шарени и современи парчиња со децении - а многу од највпечатливите комбинации што и ги облекуваа на куклата постојат благодарение на една жена - Керол Спенсер, најдолго ангажирана модна креаторка на Барби.
Дали може да замислите во тек на една година вие и вашето семејство да произведувате само една тегла отпад? На оваа авторка тоа ѝ успева, таму некаде во Америка. Но и кај нас има луѓе кои се обидуваат ако не нула, а тогаш барем да прават помалку ѓубре.
Го знаете она кога некоја песна ќе ти влезе во уво и ти ровари низ глава на рипит. Истиот тип на „заразност“ може да помогне да се научи нов јазик побргу отколку со традиционалните методи.
Мoхамед Баруд имал 31 година и само што се оженил, кога бил осуден на доживотен затвор, само затоа што се осудил да напише поплака до властите. Една книга му го спасила животот.