Толпата собрана на пристаништето не е таму да го пречека Ајнштајн, туку Хаим Вајцман, популарниот ционистички лидер и подоцна првиот претседател на Израел, со кого Ајнштајн патува. Без разлика, така Ајнштајн го стекнува својот статус на икона. На одреден начин, Ајнштајн не станува славен заради релативитетот, туку релативитетот станува славен заради Ајнштајн.
Се разбира ова никако не ги намалува достигнувањата на Ајнштајн кои се значителни. Сепак, Алберт Лазо Барабаши, друг успешен научник, во „Формулата“ ја објаснува големата разлика меѓу успех и достигнување. Вистината е дека успехот не е тоа вие што мислите дека е, туку, со талент, упорност и малку среќа, секој може да го постигне.
Ајнштајн е, без сомнеж, еден од најголемите научни умови во историјата. Сепак првата половина на 20-от век е златното доба на физиката, за голем број умови. Нилс Бор, спаринг партнерот на Ајнштајн во познатите Бор - Ајнштајн дебати (во кои според многумина Бор има победено) бил во најмала рака исто истакнат. Сепак Ајнштајн го сметаат дека е далеку над него.
И ова не е само во физиката. Зошто Ајнштајн стана препознатливо име за сите, но не и на пример Вотсон и Крик, кои ја открија структурата на ДНК, достигнување кор најмалку е идентично важно како релативитетот?
Или земете го предвид Ричард Фајнман, кој веројатно е вториот најпознат физичар на 20-от век. Тој, според сè, е човек со огромни достигнувања и харизма. Сепак, неговата слава веројатно многу повеќе се должи на неговите настапи на ТВ по несреќата на вселенскиот шатл Челенџер отколку на неговата теорија за квантна електродинамика.
Има многу успешни голфери, ама само еден Тајгер Вудс, има многу извонредни кошаркари, ама само еден Леброн Џејмс. Вистината е дека индивидуалните човечки достигнувања се ограничени, но не и успехот. Тајгер Вудс не може секој удар перфектно да го изведе исто како што Леброн Џејмс не може да го погоди секој шут. Меѓутоа најверојатно, двајцата ќе ги засенат сите останати во јавната свест, што пак ќе придонесе кон нивната слава и богатство.
Она што веројатно е најинтересно кај славата на Ајнштајн е дека таа значително расте дури и кога тој престанува да биде продуктивен научник, многу откако тој станува, како што Опенхајмер ќе каже „споменик, а не водилка“.
Да се обидеме да го деконструираме она што се случува по пристигнувањето на Ајнштајн во САД. Дента откако илјадници доаѓаат да го поздрават и пречекаат Вајцман а новинарите по грешка претпоставуваат дека толпата е дојдена за Ајнштајн, тој се појавува на насловните страни на весници како Њујорк тајмс и Вашингтон пост. За голем број читатели, ова е прв пат во живот да чујат за кој било физичар.
Како што пишав погоре, овој период е нешто како златното доба на физиката, во кое се воспоставуваат основните принципи на квантната механика, заради што таа станува тема која доста се дискутира. Малкумина ги разбираат деталите, ама многумина го паметат генијалецот со лудачка бела коса што го виделе во весник. Кога ќе се спомене физика, луѓето го споменуваат Ајнштајн, што ја зголемува неговата слава.
Самиот Барабаши го воведува принципот на привилегирана приврзаност во мрежи, исто така познат како „богатите повеќе се богатат“ феномен. Кога една единка добива повеќе поврзувања отколку нејзините ривали, таа стекнува идни поврзувања со побрза стапка. Дури и мала промена во раните перформанси доведува до голема предност во иднина.
Во неговата книга Барабаши објаснува како овој принцип важи за разнолики работи од петиции на Чејнџ.орг, проекти на Кикстартер и книги на Амазон. Тоа исто така важи и за веб-страните на интернет, компјутери во мрежа и протеините во нашето тело. Погледни кој било поврзан систем и ќе забележиш принцип на привилегирана приврзаност.
Групите за човекови права секогаш ќе бидат поврзани со Мартин Лутер Кинг помладиот, но тој не е единствената фигура. Всушност тој е еден од големата шесторка на човековите права. Сепак денес малкумина зборуваат за останатите. Единствен освен Кинг кој денес се уште е релативно познат е Џон Луис и тоа во голем дел е заради неговата денешна улога како американски конгресмен.
Секој од овие луѓе не е изолирана личност, туку лидер на сопствени организации, како НААЦП, Националната урбана лига и КОР, кои имаат стотици локални филијали. Токму поврзаноста на Кинг со секоја од нив го прави историската икона што денес ја знаеме, затоа што сите тие мали лабаво поврзани групи, е она што го состави движењето.
Во мојата книга, Каскади, објаснувам како голем број движења не успеаа да предизвикаат промени обидувајќи се да ги копираат настаните како Маршот на Вашингтон, бидејќи претходно не создадоа мали групи, лабаво поврзани, но обединети од заедничка цел. Токму тие, далеку повеќе од која било харизматична личност или инспиративен говор, го прават движењето на да биде моќно.
Ова исто така помага да се објасни нешто околу иконскиот статус на Ајнштајн. Тој на бродот со Вајцман не беше само како физичар, туку и како ционистички активист, и тој двоен статус него го поврза со две одделни мрежи кои лабаво поврзуваа две мали групи, што само го засили неговиот престиж. Па е сосема можно, ако не и веројатно, дека ние денес го рамниме Ајнштајн со гениј а не, на пример Бор, колку заради неговиот научен талент толку и заради неговата политичка активност.
Ништо од ова не треба да се сфати во смисла дека Ајнштајн ќе станеше легендарна икона ако не беа неговите вистински револуционерни откритија. Комбинација на негова истакнатост во научната заедница со среќниот инцидент, толпите дојдени за Вајцман по грешка да бидат протолкувани дека се дојдени за него, е она што го направи историска фигура.
Сепак, можеме да замислиме алтернативен универзум во кој Ајнштајн станува идентично славен. Тој, на пример, беше неверојатно погоден за цитирање и политички многу активен. (Нему, во еден момент му беше понудено да биде претседател на Израел). Па сосема е можно дека некој друг настан, во комбинација со вистински достигнувања, ќе ја започнеа неговата слава. Во секој успех секогаш има неколку елементи на среќа и случајност.
Сепак приказната на Ајнштајн ни кажува некои многу важни работи за тоа што е потребно за голем успех. Тоа не е, како што многумина велат, само многу напорна работа за да се постигне нешто бидејќи човековите перформанси, како што погоре споменав, се ограничени. Можеш да бидеш подобар од другите, ама не толку многу подобар. Истовремено, ти треба повеќе од само среќа. Ова е комбинација на двете и ние можеме многу да направиме за да ги зголемиме шансите за нивно искористување.
Ајнштајн бил неверојатно упорен, работејќи 10 години на специјален релативитет и уште десет на општиот релативитет. Тој исто така бил одличен во поврзување, секогаш стремејќи се на соработување со други научници како и со политички ликови како Вајцман, дури и мали девојчиња на кои им требало помош за да напишат домашна по математика, па затоа тој успева да ја искористи лабавата поврзаност на мали групи.