Како мислиш, кафе со печурки?

Страв ни е да пишеме за ова, многу лесно може сечиј њуз фид да се претвори во албум за слики со кафе, печурки, книга, чорапи до колена и слично.

Кафе со печурки, бе.

Ај, да видиме.

Значи може и да сте налетале на ова на Инстаграм - еден куп луѓе сведочат колку тоа било фино и споделуваат слики од нивните mushroom coffees. И чаеви има, зависи што им е афинитетот.

Концептот е следен: сушени печурки се вријат, се прават течност, па се вади екстракт од нив кој после се додава во кафе и чај. Наводно, печурките како суперхрана се многу потребни на организмот, а на овој начин е полесно да ги внесат луѓе што имаат недостаток на витамин Д и Б.

(Како бе, полесно? Нели е полесно едноставно да спремиш и да јадеш печурки? Нели ги мрзи? Нели има кафето вкус на печурки?)

На последново, одговорот е не. Се постигнува некој несекојдневен вкус на пијалокот, но сепак не било „кафе со вкус на печурки”.

Според Бет Ворен, основачка на Beth Warren Nutrition и автор на „Тајните на една кошер девојка”,

„Печурките долго се користат во кинеската медицина и понови истражувања покажуваат дека се најголем извор на антиоксидантите ерготионеин и глутатион, кои помагаат телото да се бори со штетата која со тек на време придонесува кон болести кои се појавуваат при стареење како канцер, срцеви заболувања, Паркинсон и Алцхајмер.”

Печурките се сметаат за адаптогени - сусптанци за кои се смета дека му помагаат на телото да се справи со стрес, да го обнови балансот и да го појача имунолошкиот систем. Кафињата со печурки можат да го подобрат секој организам, но најповолни се за луѓе што се справуваат со хронични болести и воспаленија, според Ворен.

Медицинските печурки се сметаат за суплемент, па добра идеја е да проверите со вашиот лекар однапред, ако имате желба да пробате кафе или чај со печурки, за случајно да не не смее во комбинација со некои лекарства што ги примате.

Ако сте запнале за кафе со печурки, тоа.

Во меѓувреме, и јадење печурки би требало да биде доволно, само што не е доволно инстаграмливо, па ете.

19 април 2019 - 17:41