Моџо има книга
Во четврток на 18-ти април, со почеток во 19 часот, правиме промоција на книгата „Аутопсија на љубовта” од Moџо Килингтон.
Божидар Божиновски ака Moџо Килингтон е писател, сценарист, активист на социјалните мрежи , носител на споменица 2018-та и добитник на ѓезве на наградна игра од кафе, а има собрано над 100 лајка на Фејсбук, на повеќе постови.
Од мали нозе сакал да се дружи со книгите. Сака се што сакаат младите, а е во рамките на законските прописи и регулативи. Ужива во хаику, склопување бротчиња во шише и решавање загатки. Негови најголеми желби се мир во светот и мир во душата. „Аутопсија на љубовта” е негова прва книга, со која тој ја губи поетската невиност.
Ве чекаме во четврток, на промоцијата, за заеднички да уживаме во уникатната и длабоко интимна поезија на Моџо.