23. април во календарот на УНЕСКО е Меѓународен ден на книгата и авторското право. Иако тој момент кај нас се уште не е дојден, наскоро можеби ќе треба во насловот на манифестацијата да се појасни - а ден на која книга? Онаа старата, на хартија?
Српско-американскиот писател Чарлс Симиќ, добитник на Пулицер за поезија, има и не така необична страст - читање во ВЦ. „Ако сте како мене, тогаш сигурно имате нешто за читање во тоалетот. Што и да е", признава тој за New York Books Review.
Излезе нова збирка песни на неодамна починатата полска поетеса и добитничка на Нобеловата награда за книжевност, која ги содржи 13-те последни песни кои таа ги подготвувала за издавање.
Шарл Азнавур, еден од најпознатите пејачи и композитори на сите времиња, е автор на околу 1,000 песни, кои ги имаат испеано исто толку познати музичари како Реј Чарлс, Боб Дилан, Лајза Минели, Хозе Карерас. Во моментов, на 87 години, е на турнеја низ САД. А не е ни банкротиран, па да мора...
Помина и Велигден (зошто Г а не К не се знае, ама тоа е официјалната верзија на драфтот) и Петок 13- ти за некој онака, за некој шит невиѓен!Мене викендот ми помина работно, се спремаме за денот "Џ" и мојот нов албум, а у меѓувреме дур сум немал нет викендов (ТВ неглеам, освен надреалните вести на Сител за подвизите на Владата) и сум у тотален медиумски мрак.
На порталот danas.hr осамна фотографија од магнети за на фрижидер кои се продаваат во хрватските Конзум супер-маркети, со чуден книжевно-националистички хумор, упатен кон соседите Словенци и Срби.
Во пресрет на нашиот Фестивал на јадење книги, ви претставуваме една фина збирка есеи кои ги комбинираат автобиографските спомени и гастрономските доживувања. Лојзе Визер (1954) е писател, преведувач и издавач, корушки Словенец кој живее во Клагенфурт, Австрија.
Сајмон Спуриер е британски автор на крими романчиња, а насловот на неговата последна книга е „A Serpent Uncoiled" (Замотаната змија). И покрај добрите критики, и жанрот на делото, кој во принцип продава, Сајмон не успева во намерата да стане познат и богат.
Марта Маркоска има најмалку два талента - свири перкусии во Josephine's Suspenders, и пишува поезија и кратки раскази. „Вител во Витлеем" е нејзина втора книга, по првата поетска „Сите притоки се влеваат во моето корито".
На барање на верните читатели на Букбокс, кои почнаа да прашуваат „кога пак?" веднаш по завршувањето на минатогодишната акција, еве го повторно Фестивалот на јадење книги. Местото останува исто, а иста останува и задачата:
Вест за самоубиство на стар човек, и тоа направено од финансиски очај, ако се развие вон рамките на ваквиот тажен факт, има тенденција да прерасне во патетична приказна за жртвата наспроти системот и за светската неправда. Од друга страна...
Пред да го прочитате освртот за книгата која денес ја претставуваме, чисто за да знаете дали се однесува на вас, направете го следниов тест. Запишете си на колку прашања сте одговориле со „точно".
Не, не се работи за прекршување на 10-те божји заповеди. Тоа е лесно. Има други работи, фино лепо стои таму во Библијата. Па, ако сте расположени да проверите колку гревови правите секојдневно, знајте дека кликањето на 'повеќе' не е еден од нив.
За разлика од интелектуалците Социјалисти, Болшевиците во нивните чизми и кожни јакни проектираа "аура на мажественост и решителност," објаснува историчарот Јерк Баберовски, во неговата нова книга за Сталин.
Проф. Саркањац, за пријателите попознат како Чиле, во „Македонски катахрезис" од 2001. понуди оригинална теза за промислувањето на македонскиот идентитет и култура - преку (зло)употреба (катахрезис), а не отфрлање на она што Западот го знае или мисли дека го знае за нас.
Основачот на Комунистичката партија на Италија, во текот на својот живот (1891-1937) не издал ниту една книга, а постхумно објавените текстови главно ги пишувал во затвор. Неговиот неодамна објавен текст против интелектуалната индиферентност во магазинот „Бука" нè потсети на овој неоправдано запоставен автор.
За вас имаме една добра и една лоша вест. Добрата е што Македонците се уште имаат дух да пишуваат забавни и луцидни текстови. Лошата е што тоа изгледа го прават само оние што веќе се преселиле од овде.
Зошто секој може да научи португалски? Дали некои аспекти на природата никогаш нема да ни се разоткријат? Дали Твитер тривијализира? Интервју со Ноам Чомски по повод неговата нова книга „Правење на иднината: oкупации, интервенции, империја и отпор".
Ако и вам ви е понекогаш преку појачало вештачкото одржување во живот на идејата за екс-ју рок, и на кариерата на некои од неговите претставници како Бора Џорџевиќ или Бјело дугме, тогаш песнава ќе ви се свиѓа. Нашата замерка се однесува само на некои од спомнатите имиња, да не ги стегнат стварно изречените клетви.