Книготека

Зоран Спасов - Ѕоф

Тибам штркот

За вас имаме една добра и една лоша вест. Добрата е што Македонците се уште имаат дух да пишуваат забавни и луцидни текстови. Лошата е што тоа изгледа го прават само оние што веќе се преселиле од овде.

После историскиот одзив на книгата Бед Инглиш на Американецот Дарко Митревски (околу 14.000 преземања од читатели на сајтов), на лагер имаме уште едно скроз шармантно дијаспорично книжуле на наш човек кој пред некоја година реши да се ресетира во Канада.

"Тибам штркот" е книга која веќе отиде во два печатени тиража а овде ја имате ексклузивната веб можност да ја симнете бесплатно.

"На почетокот книжулево беше замислено како водич за идните печалбари и тазе имигранти. Си имаше и работен наслов "Митре Стрелата у Земјата на чудата". Но, нешто се деси и у текот на пишувањето текстов неприметно мутираше у стрип. Чуден стрип што им дава одговори на сите оние што се прашуваат: "Како (им) е таму?" и "Вреди ли да се покуша"?, вели во предговорот авторот Зоран Спасов a.k.a. Ѕоф.

Читај