Бранислав Саркањац
По свое: Македонски катахрезис или како да се зборува за Македонија
Книгата „По свое" ја продолжува дискусијата на оваа тема, осврнувајќи се на новите предизвици на македонската самостојна позиција, особено во контекст на спорот за името со Грција. Како да се зборува за Македонија, да се покаже револтот спрема референцата FYROM и да се зборува „по свое", а пак да се биде издржан и аргументиран а не само навивачки настроен - ова е предизвикот на кој се обидува да одговори оваа книга.